Исплатени 341 милион денари субвенции
Објавено во: Агробизнис 21 Март, 2013 13:22
Министерството за финансии денеска исплати вкупно 341 милиони денари субвенции на 13.041 земјоделец за поддршка на одржување лозови насади, производство и продажба на тутун и производство на градинарски култури.
Oд овие средства 104 милиони денари се исплатени на 4.679 лозари за одржување површини со лозови насади. Висината на поддршката изнесува 40.000 денари по хектар.
Денеска се исплатени и 165 милиони денари на 3.263 одгледувачи на тутун, при што е извршена исплатата на кооперантите на Тутунски комбинат Прилеп и „Центро Табак“. Мерката изнесува 60 денари по произведен и продаден килограм тутун.
Исплатени се и 70 милиони денари на 5.099 земјоделци за произведени градинарски култури. Поддршката за овој вид земјоделски култури се движи од 6.000 до 30.000 денари по хектар, во зависност од културата.
- Преку редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделството Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат доследни на поддршката за една од носечките гранки во македонската економија, наведува Министерството за финансии во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





