05 Декември, 2025
0.1603

Исплатени над 5,7 милиони евра субвенции за земјоделците

Објавено во: Агробизнис 18 Август, 2017 17:32

Добивај вести на Viber

Со промените кои настанаа во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и назначувањето на новиот в.д. директор м-р Николче Бабовски, Агенцијата со исклучитела заложба продолжува да ги извршува надлежностите утврдени со закон. Денес се исплатија 354.700.000 денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за следните намени: за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура.

Вкупно за само два месеци се исплатени околу 55,7 милиони евра субвенции за земјоделците.

Имајќи ја в предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови.

Исто така по одржаната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со претставниците на винарските визби, ќе се направат напори во најкус рок да се намират финансиските обврски кон визбите со цел непречено одвивање на откупот од овогодинешниот род на грозје.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?