Добивај вести на Viber
Министерството за финансии исплати 77,6 милиони денари субвенции за одгледување градинарски култури. Корисници на субвенциите се 5.501 земјоделец, финансиската поддршка изнесува од 25 илјади до 30 илјади денари по хектар, во зависност од градинарската култура која се одгледува.
Со оваа исплата покриени се субвенциите за земјоделците кои одгледуваат домат, пиперка, краставица, тиква, кромид, брокула, лук, лубеница, зелка, тиквичка и останати градинарски култури низ цела територија на Македонија.
„Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство“, информираат од Министерството за финансии.
Предизборно, Владата исплати најголем дел од субвенциите за земјоделството, а ова е и еден од најголемите трошоци во буџетот во предизборието. Исплатени се субвенциите за одгледување овци, тутунопроизводство и лозарство. На што се трошат пари во предизборниот период, повеќе на следниот линк:
ПРЕДИЗБОРНИ ТРОШЕЊА: За месец и пол – буџетски дефицит од 141 милион евра!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: