23 Декември, 2024
0.0330

ИСПЛАТЛИВ БИЗНИС: Засадете го ова дрво и за кратко време ќе имате вистински профит

Објавено во: Агробизнис 29 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Пауловнија (Paulownia) е племенит вид на дрво, кое е многу ретко на нашите подрачја. Тоа е најбрзо растечко дрво за дрвена граѓа на светот. После својата осма година дава високо квалитетно дрво, кое на светските пазари се продава поскапо од дабот или буката. Еден метар кубен првокласно дрво пауловнија се продава за повеќе од 1000 евра.

Пауловнијата во првата година достигнува висински прираст од 3 до 6 метри, зависно од условите каде е посадена. Развива многу силен и длабок корен, кој многу добро го стабилизира земјишето подложно на ерозија и клизишта. Постигнува неспоредливо поголем прираст отколку нашите домашни видови дрвја, па дури и 30 до 40 цм за 10 години на добри почви.

Со првата берба ќе ги вратите вложените пари

Вложените средства се враќаат со првата берба односно по три години од засадувањето на садникот, што прави ова производство исплатлив семеен агробизнис. Пауловнијата расте еден метар за еден месец, за 7-8 години прави еден кубик дрвна маса, што ја прави конкурентна на другите дрва. Поради способноста за исклучително брзо време да го развие кореновиот систем, погодна е за засадување на ерозивни терени.

paulovnija (1)

Трошоците за одгледување не се големи. После секое сечење на стеблото кое се врши најчесто во седмата или во осмата година, самото се регенерира. Карактеристично е што стеблото се сече во било кое годишно време, односно не е врзано со сезони и куси рокови за собирање, како што е случај кај другите видови. Влогот е околу  2.500 евра за садници и 2500 за садење, орање и има 2500 евра за одржување на хектар. Вложените средства се враќаат со првата берба и сте во добивка од околу стотина илјади евра. Како се добива таа бројка,  па 800 дрва во хектар по 150 евра е околу 120.000 евра.

Прв на македонските ниви, Пауловнијата ја донесе Данаил Паланков од струмичкото село Муртино

paulovnija2Тој е првиот земјоделец кој иако беше еден од поголемите раноградинарски производители, одлучи да го напушти ова производство и на 10 хектари да подигне насад со пауловнија. Во моментов има 9.000 садници, а до есебн планира да ги зголеми на 13.000 садници.

-Во 2008 година цената на домат произведен во услови со загревање на 15 мај беше 30 денари за килограм. Состојбите во раноградинарското производство одеа само на лошо. Роа ме доведе на работ на пропаста и веднаш мораше да барам друг начин на егзистенција. Идејата која ја разработував беше производство на цреши во пластеници бидејки јас ги имав пластениците но одејќи по иституите како предлог ми го дадоа дрвото пауловнија. Но јас не му дадов значење веднаш туку после неколку месеци. За црешите се распрашував и во соседна Грција, и таму го видов дрвото како расте се распрашав за производството профитабилноста, и така се роди идејата да почнам со овој бизнис и јас. Првите садници ги набавив од Грција, раскажува Данаил Паланков.

Дрво на иднината кое се употребува секаде

Секој дел од пауловнијата може да се искористи за продажба. Дрвото нема чворови и затоа е идеално за производство на мебел.

-Брзорастечкото дрво пауловнија е најверојатно дрво на иднината кое се употребува буквално секаде, во бродоградбата за уредување на кабините, изработка на бродови и јахти, чамци како и даски за сурфање, во авиоиндрустијата за сите дрвени делови во внатрешноста бидејќи е многу лесно, потоа за производство на музички инструменти, хот и хот куќи,прозорци, врати, мебел како и за огрев бидејќи ослободува голема енергетска моќ. Ќе кажам еден податок, дека најголем корисник на ова дрво е светската фирма  ИКЕА, која го користи за производство на мебелот, вели Паланков

Цената на дрвото за дрвната индустрија на светските берзи се движи од 300 долари па нагоре за метар кубен во зависност од квалитетот и намената.

Гранките од дрвото при сечењето се мелат и така се добиваат брикети.

Големите листови со дијаметар од 75 сантиметрипримаат околу 22 килограми јаглероден диоксид и ослободуваат 6 килограми кислород, така што имаат моќ да прочистуваат илјадници кубни метри воздух. Исто така тие се многу хранливи и се користат во исхраната на домашните животни. Во некои земји лисјата се користат и во фармацевтската индустрија. Цветовите, чајот и сирупите добиени од нив, се користат за лекување на болести на црниот дроб, жолчката, крвниот притисок и бронхит.

И.С.