ИСПРАВЕН ПРЕД ТЕШКА ОДЛУКА: Ќе му го даде ли Орбан на Груевски она што го бара?
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2018 07:50
Често пати на митинзите на опозициската ВМРО ДПМНЕ како гостин доаѓаше токму човекот од чија држава сега бегалецот и осуденик Никола Груевски бара политички азил.
Виктор Орбан и Никола Груевски важат за блиски соработници а Орбан е лидер на Фидес, владејачката партија во Унгарија и сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ од Европските народни партии.
Последен пат тие се сретнаа во Охрид .
Зошто токму Унгарија ја избра Груевски како земја каде ќе пребега?
Дел од аналитичарската заедница токму нивната блискост и силна поддршка која си ја даваа ја сметаат за пресудна. Сега пак Орбан е во тесно.
Исправен е пред тешка одлука а доколку му даде политички азил на Груевски ќе си „пука во нога“.
Европската политичка елита внимателно го следи потегот на Орбан кој може да го одбие барањето за азил а доколку не го направи тоа тогаш ќе се соочи со уништен имиџ но и критики од ЕУ.
Екс премиерот кој со правосилна одлука доби две години затвор за случајот со блиндираниот мерцедес преку Фејсбук кажа дека е во Будимпешта од каде што бара политички азил.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




