20 Декември, 2025
0.4087

Ист Гејт Мол му посакува добредојде на H&M, големо отворање на 18-ти август 2022

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2022 14:32

Добивај вести на Viber

Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро.

Посетителите на Ист Гејт Мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M. На површина од над 2.300м2  шведскиот моден бренд ќе и се претстави на македонската потрошувачка публика со најновите колекции за деца и тинејџери, мажи и жени.

,,Возбудени сме што конечно можеме да му посакаме добредојде на H&M во семејството на Ист Гејт Мол. Од денес Скопје се наоѓа на мапата на светските метрополи каде H&M има свои продавници. Ќе биде прекрасен ден на отворање на првата и единствена продавница на H&M во Македонија. Отворањето ќе биде вистински убав настан за лансирање на брендот на нашиот пазар, по примерот на останатите светски метрополи. На денот на отворањето, брендот ќе подели многу подароци вклучувајќи и попусти до 50% на селектирана облека и обувки. Со отворањето на H&M, во комбинација со останатиот бренд микс, Ист Гејт Мол се позиционира како водечки трговски центар на пазарот, каде потрошувачите можат да уживаат во сосема поинакво потрошувачко искуство” – изјави Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

Ист Гејт Мол е единствениот трговски центар на пазарот каде водечките модни брендови, како H&M, Индитекс и ЛПП се присутни со своите целосни портфолија, најнови концепти и најголеми формати на продавници. Овие модни брендови во комбинација со над 200 останати, го позиционираат Ист Гејт Мол како најголем трговски центар во нашата земја.

Ист Гејт Мол е трговски центар од последната генерација на трговски центри, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување.

Бидете во „Ист Гејт Мол“! 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии