16 Декември, 2025
0.0412

Нов балкански спор: Словенија и Хрватска се судрија околу пршутата!

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2014 08:11

Добивај вести на Viber

Во регистарот на заштитени производи, Словенија ја регистрирала само Крашката пршута, па може да се заклучи дека сака да го заштити името пршута, пишува Пословни.хр. Словенија во својот приговор на хрватското барање за регистрација на истраската пршута, се повикала на неколку членови од Уредбите за составите на квалитетот за земјоделски и прехранбени производи, помеѓу останатото, и на член кој говори за хомонимни имиња, се дознава во Европската комисија. Комисијата, во својот одговор на прашањето, во што се состои словенскиот приговор, истарската пршута да се заштити со знак за потеклото, а на кој требало да се чекаат неколку дена, наведува дека Словенија се повикала на членот 6 (3) од Уредбата, кој говори за хомонимни имиња. Тој член вели дека предложено име за некој производ не може да биде регистрирано ако во потполност или делумно е хомонимно со името кое веќе се наоѓа во регистарот на заштитени производи, освен под одредени услови. Меѓутоа, во регистарот на заштитени производи, Словенија ја регистрирала само Крашката пршута, од што може да се заклучи дека сака да го заштити името пршута. Словенците навеле дека евентуалната регистрација на Истарската пршута би можело да го загрози постоењето на овој назив, трговските марки или производите кои се легално на пазаротт најмалку пет години пред датумот кога е објавено барањето за регистрација. Комисијата сега го анализира словенскиот приговор и ако тој биде оценет како неоснован, постапката за регистрација на заштитено име се продолжува. Ако приговорот се покаже како оправдан, Комисијата ќе побара консултации со сите вклучени страни, кои можат да траат три месеци, со можност тоа да се продолжи на дополнителни три месеци. А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството