Добивај вести на Viber
Денеска истекува рокот за подигнување тендерска документација за продажба на ОХИС . Според информациите од Министерството за економија, досега една компанија има подигнато тендерска документација. Крајниот рок за доставување на понудите е 14 ноември. Ова е деветти тендер за продажба на ОХИС што го објавува Владата. Објектот се нуди за 14 илјади евра со услов да бидат задржани сите вработени и да се исплатат сите заостанати плати и придонеси.
Вработените, кои еден месец протестираат пред Владата барајќи исплата на заостанатите плати, не очекуваат премногу од тендерот, но истакнуваат дека е подобро фирмата да се продаде, отколку да оди во стечај.
- Минатиот пат очекувавме многу, а ништо не излезе. Затоа сега сме малку внимателни и не знаеме што ќе се случи. Тоа го оставаме на Владата. Подобро е да го продаде ОХИС, отколку да оди во стечај, изјави Благоја Неделковски од синдикатот на ОХИС.
Вели дека доколку проблем за купувачите е превработеноста на ОХИС би можело да се разговара за некаков пакет за заминување на принуден.
- Меѓутоа, ОХИС има висока старосна граница така што државата треба да ни дозволи пензионирање по стариот закон со пет години пред навршување на старосната пензија, односно пет години да можат под завод. Такви случаи во моментот има 220 кои можат веднаш да заминат штом го вратат законот, рече Неделковски.
Во ОХИС во моментот се вработени 800 вработени. Тврдат дека немаат земено вкупно 15 плати, осум од 2008 и седум од годинава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.