17 Декември, 2025
0.0428

Источна Европа бележи пад на странски инвестиции за 20 проценти

Објавено во: Економија 18 Јули, 2013 13:30

Добивај вести на Viber

Новите земји членки на Европската унија како и земјите од југоисточна Европа во 2013 година бележат пад на странските инвестиции за 20 проценти, според актуелните прогнози на Виенскиот институт за споредување на меѓународните економии.

Најголем пад ќе доживеат инвестициите од Русија затоа што економската состојба во Русија се влошува, а на Москва и се закануваат загуби во контекст на банкарска, финансиска и должничка криза. Исклучок на оваа мрачна прогноза се Словенија, каде се инвестира во приватизација и Србија, каде се нудат можности за остварување гринфилд проекти.

Директните странски инвестиции до сега играа важна улога во економскиот развој и промената на структурата во земјите од централна и источна Европа. Но, според експертите на Виенскиот институт, странските инвестиции веќе не ја исполнуваат улогата на економски мотор во источна Европа. Инвестициите пред се се ориентираат кон понудата и побарувачката на пазарите и со тоа се изложени на негативните последици на рецесијата во Европа. Инвеститорите повеќе не ги привлекува источна Европа.

Кон крајот на минатиот месец, Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD) објави извештај според кој глобалните директни странски инвестиции минатата година потонале за 18%, спуштајќи се под нивото од периодот пред економската криза, поради економската слабост и политичката неизвесност.

Лани за прв пат земјите во развој привлекле повеќе директни странски инвестиции отколку развиените земји, односно 52% од вкупната вредност. Транзициските економии лани забележале вкупно 87 милијарди долари директни странски инвестиции, што е 9% помалку отколку во претходната година. Притоа инвестициите во земјите во југоисточна Европа се скоро преполовени, од 7,2 на 4,2 милијарди долари, објави „Бизнис Инфо“.

Оваа година не се очекува значително опоравување, а следните години може дојде до подобрување ако се одобрат макроекономските услови, ако се обнови довербата на инвеститорите, па транснационалните корпорации да одлучат рекордните готовински износи со кои располагаат да ги насочат во нови инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар