25 Ноември, 2024
0.6618

Источна Европа, заложник на ЕУ кризата

Објавено во: Анализа 10 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Често слушаме дека од здравјето на Германија зависи и нашиот БДП. Македонија според последните податоци на државниот завод за статистика, иако не граничи доста тргува со Германија. Па така дури 15% од целокупната размена со странство ја правиме со Германија, а дури 30% од извозот го пласираме во најголемата европска економија. Ова значи дека дури и маргинално забавување на тамошната економија кај нас може да се мултиплицира. Многу поголем проблем од нашиот има целиот источен блок, чија економија е сериозно врзана со германската. Па така Германија е најголем трговски партнер и на Чешка, Словачка, Полска и Словенија.  25-30% од извозот на сите овие земји се пласира во Германија. Сепак според податоците кои можеме да ги добиеме од Еуростат, доаѓаме до заклучок дека не секаде се чувствува германското забавување, па така Полска на пример е една од најсилните економии во Европа и покрај силната врска која ја има со Германија. Од друга страна останатите држави или се или навлегуваат во повторна рецесија. Сепак и Полска го чувствува притисокот кој доаѓа од евро зоната и тоа се забележува од забавувањето на нејзиниот раст за цел процентен поен. Од 3,4 на 2,5 во третиот квартал. Главна причина е секако забавувањето на Германија и намалените инфраструктурни инвестиции во завршувањето на Европското првенство во фудбал. Ова пред се должи на фактот дека Полска има многу силна домашна побарувачка која успева да биде стимулирана и да не биде втурната во рецесија. За разлика од неа Чешка и Словачка имаат сериозно извозно ориентирани економии. Нивниот извоз е накaде околу 80% од БДП, што е исклучително висока бројка и истиот е двојно поголем од просекот во Унијата. Големата отвореност за странски инвестиции, посебно за инвестиции во автомобилската индустрија предизвика Чешката Република да биде доста зависна од економијата на остатокот на Европа. Во оваа држава во автоиндустријата работат неверојатни 260.000 работници, а со кризата се купуваат се помалку возила. Овие податоци покажуваат дека циклусот на инвестиции има и друга страна страна на парата. Што би рекло со европското забавување сега негативниот импакт кај земјите со извозна ориентација е неколкукратно зголемен. Овие земји и тоа како се надеваат на решавање на должничката криза и враќање на континентот на старите патишта на растот. Редакција Фактор  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.