27 Јули, 2024
0.0279

Историчарот Александар Стојчев за Фактор: Ниту еден договор да не влијае на националната посебност на македонскиот народ

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС предизвика лавина на остри реакции во домашната јавност за употребата на термини како „таму на почетокот некоја администрација“ и дека македонски и бугарски војски учествувале во ослободувањето на повеќе македонски народи од окупацијата во Втората светска војна. Кога се говори за заеднички партизански единици или за учество на бугарски војници во ослободителните борби треба точно и прецизно да се наведат историските околности во кои се одвивале овие настани.

Разбирливо ваквото историско толкување од страна на политичар во најмала рака делува несмасно, бидејќи македонската историографија е точно утврдена во изминатите децении. Токму Институтот за национална историја, формиран веднаш по одржувањето на АСНОМ, постои за да ја документира националната историја на македонскиот народ и држава. А, историјата пак, станува главен проблем во односите со Бугарија и европската иднина на Македонија.

Историчарот Александар Стојчев, смета дека ниту еден договор не треба да влијае врз националната посебност на македонскиот народ, како и на сите македонски граѓани. За Стојчев е најважно да се најде решение за спорот со источниот сосед со цел да се одблокира членството во Европската Унија и смета дека терминот „заедничка или општа“ историја е модел кој треба да им овозможи на членовите на мешовитата Комисија за историја да најдат модул согласно потпишаниот Договор за пријателство од 2017 година.

„По се она што е изнесено и што беше очекувано како реакција, а не е изнесено вчера во јавноста очигледно е дека се работи за усогласена највисока државна политика (влада-претседател-собрание) за да се одмрзне процесот на пристапување кон ЕУ. Од тој аспект неблагодарно е во овој момент да се каже нешто повеќе, и верувам дека сите граѓани на нашата држава се за отпочнување на преговорите и членство во ЕУ. Фразата „Заедничка или општа историја“ е термин содржан во Договорот со Бугарија од 2017 кој ја отвори вратата за влез во НАТО и како таква имаме обврска како држава да ја почитуваме. Терминот содржи елементи на сплотеност и тежнеење кон нешто заедничко, а тоа всушност и е поентата на едно европско семејство кон кое тежнееме и има простор да се разговара во таа насока. Секако, треба да се биде горд на нашето македонско минато и ниту едно договорено решение да не влијае врз националната посебност и гордоста на македонскиот народ како и на сите македонски граѓани“  ,вели Стојчев за Фактор.

Антифашистичкиот карактер на Македонската борба во Втората светска војна и придонесот за ослободувањето од нацизмот и фашизмот во Европа никогаш не биле спорни. Тоа го потврди и претседателот Пендаровски кој исто така беше споменат од неговиот колега Заев, дека не бил доволно искусен политичар за изјавите дека Бугарија нема излезено од матрицата на живковизмот.

„Го погледав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност, и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање. За решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои политичка волја што понекогаш подразбира и политичка храброст да дојдете до консензус кој никогаш не ви го зголемува рејтингот, и второ - да се држите до историските факти кои се меѓународно верификувани и до политичката реалност која е очигледна. Во првиот дел, нашата јавност знае дека јас сум првиот македонски политичар во историјата кој јавно понуди поширок политички дискурс во однос на еден од најголемите апостоли на македонското револуционерно движење. Меѓутоа, не отидов понатаму, затоа што тоа е работа на Комисијата составена од историчари, најмалку работа на политичарите. Со премиерот Заев во многу наврати сме разговарале на оваа тема и никогаш не сме имале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но, дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја. Истовремено, во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите. Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница. И на секој од нив јасно му кажувам дека македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции“, изјави Пендаровски во интервју за Дојче Веле.

Мора да се потенцира дека кога во јавноста се изнесуваат фразите „бугарските фашисти“ се однесува конкретно на перидот од Втората светска војна и не се однесува на сегашната држава Бугарија, ниту за нејзиното политичко уредување. Сепак, бугарските медиуми ваквите изјави на македонски историчари, политичари и публицисти ги оценуваат како провокација, па дури и омраза базирана на „југословенското“ наследство.

Стереотипите кон Бугарија е факт дека тогаш биле создавани и истите се провлекуваат и до денес, затоа треба да се работи за позитивен исчекор, но јавноста и јавните личности треба да престанат да учествуваат во историски расправи и толкувања за кои ниту се стручни ниту имаат експертиза како да ги постават, а притоа нанесуваат огромна штета на државните и национални интереси. 

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ УМИРА: Водата е фекално загадена

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август

СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август