05 Декември, 2025
0.0329

Историска одлука во ЕУ: Следи целосна забрана за увоз на руски гас

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2025 17:11

Добивај вести на Viber

На состанокот во Луксембург, министрите за енергија на Eвропската Унија(ЕУ) усвоија одлука за целосно прекинување на увозот на руски гас по 2027 година. Предлогот го поднесе Европската комисија, а доби потребно квалификувано мнозинство во Советот – само Унгарија и Словачка беа против.

Одлуката претставува мандат за Советот на ЕУ да преговара со Европскиот парламент, чија согласност е неопходна за да стапи во сила регулативата. Сепак, се очекува брз договор, бидејќи Парламентот претходно силно се залагаше за забрана за увоз на руски гас и нафта.

Оваа одлука е дел од пошироката стратегија на ЕУ која има за цел целосно да го елиминира увозот на руски енергетски производи и со тоа да постигне енергетска независност за Европа, објави Ројтерс.

„Енергетската независност за Европа е посилна и побезбедна Европа. Иако во последните години вредно работевме за отстранување на рускиот гас и нафта од Европа, сè уште не сме успеале целосно. Затоа е клучно данското претседателство да обезбеди широка поддршка од министрите за енергетика за закон со кој конечно ќе се забрани влезот на руски гас во ЕУ“, изјави Ларс Огард, дански министер за енергетика.

Според новите правила, купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по 1 јануари 2026 година, а сите постоечки договори ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година, без оглед на роковите утврдени во нив, се вели во соопштението на Советот на Европа.

Промените на постоечките договори ќе бидат дозволени само за строго ограничени оперативни цели и не можат да доведат до зголемување на обемот на снабдување, освен во случај на одредени исклучоци за земјите-членки без излез на море погодени од неодамнешните промени во рутите за снабдување.

Иако увозот на гас од ЕУ се намали од над 40 отсто на 13 отсто од почетокот на руската агресија врз Украина, Унијата сè уште увезува гас во вредност од околу 15 милијарди евра од Русија годишно.

Додека Словачка и Унгарија увезуваат гас преку цевководи, Белгија и Франција неодамна дури го зголемија увозот на руски течен природен гас (LNG).

Уделот на руската нафта во вкупниот увоз на ЕУ се намали под 3 проценти. Поради инвазијата на Украина, Русија е под санкции. 

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава