16 Декември, 2025
0.0358

Историски ден: Србија ги почнува преговорите со ЕУ

Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2014 10:00

Добивај вести на Viber

Српскиот премиер Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ од една страна, еврокомесарот Штефан Филе и шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос од другата. Со првата меѓувладина конференција во Брисел денеска, Србија и официјално ги почнува преговорите за членство во Европската унија. „Наша цел е се што е наша обврска да завршиме до 2018-та година, а потоа веќе не е наша работа дали ќе бидеме примени во ЕУ во 2020-та“, изјави Вучиќ пред поаѓањето. Според шефот на српскиот преговарачки тим Тања Мишчевиќ, од денеска започнува да тече едно ново време во процесот на евроинтеграции на Србија. „Нема време за опуштање. На Србија допрва и претстојат бројни предизвици на патот кон европските интеграции. Белград ќе мора да остане целосно посветен на нормализацијата на односите со Приштина и да работи на достигање на европските стандарди. Тоа ќе биде процес кој бара многу“, предупреди еврокомесарот Филе. Протоколот предвидува на денешната конференција да биде претставен преговарачкиот тим и преговарачката платформа на Србија. Додека Србија ги започнува преговорите за членство, Македонија и натаму останува единствената земја со најдолг стаж во чекање на датум за да го започне истиот процес. Иако Европската комисија оценува дека земјава е подготвена, Европскиот совет се уште не дава „зелено светло“.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството