ИСТОРИСКИ НАЈВИСОК ОПЕРАТИВЕН РЕЗУЛТАТ - како работеше Стопанска Банка Битола во првото полугодие
Објавено во: Економија 26 Јули, 2023
Во првата половина од 2023 година, глобалната и домашната економија сѐ уште беа под влијание на нарушеното економско и политичко опкружување кое е резултат на воениот конфликт меѓу Русија и Украина.По пикот достигнат во летото 2022 година, цената на енергенсите регистрира надолно движење, што резултираше со одредено забавување на увезената и на домашната инфлација.Народната банка продолжи со затегнување на монетарната политика преку зголемувањето на каматната стапка на благајничките записи и на каматните стапки на расположливите депозити,што, пак, услови придвижување на каматните стапки во банкарскиот сектор.
Стопанска банка а.д. Битолаво вакви услови на економска активност дејствуваше во насока на остварување на краткорочните финансиски и долгорочните стратешки цели, применувајќи флексибилен пристап кон промените во домашното и глобалното макроекономско опкружување.
- Финансиски перформанси на Банката
Во првата половина на 2023 година, оперативниот резултат од работењето на Банката е историски највисок - во износ од 84,54 милиони денари. Прудентното водење на полититката за рационалзација на оперативните трошоци во услови на зголемени нето-приходи од камати, придонесе за позитивни остварувања во оперативното работење, што се гледа и од сооднсот на оперативните трошоци со оперативните приходи (cost to income ratio), кој изнесува 71,48 %. Ваквата политика на Банката, при значителна активност за наплата на нефункционалните кредити и продажба на преземен имот, се очекува да резултира со позитивни поместувања во периодот што следи.
Нето-приходите од камати бележат зголемување за 48,17 %, односно 71,27 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. Приходите од камати се повисоки за 81,65 милиони денари, односно 40,68 %, додека расходите за камати бележат годишно зголемување од 10,39 милиони денари, односно 19,68 %. Планот на нето-приходи од камати за вториот квартал од 2023 година е остварен со 121,05 %.
Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 2,75 милиони денари, односно 3,98 %, како резултат на нето-ефектот од зголемените расходи за 2,77 милиони денари, при речиси непроменети приходи во апсолутен износспоредено со истиот период од претходната година. Остварувањето на планот за вториот квартал од 2023 година во оваа позиција изнесува 87,72 %.
Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 10,93 милиони денари и не бележат значајни годишни промени, а планот за втор квартал од 2023 година е остварен со 80,93 %.
Останатите приходи од дејноста се повисоки за 4,22 % во споредба со остварените во периодот 1.1.2022 - 30.6.2022 година, што главно се должи на приходи од добиен судски спор, како и оствареникапитални добивки од продажба на преземен имот. Планот за втор квартал од 2023 година во оваа позиција е реализиран со 83,71 %.
Според проценките за квалитетот на кредитното портфолио во значително тешки економски услови за клиентите на Банката, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува -135,09 милиони денари. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 4,79 милиони денари, што се должи на продажба на дел од преземениот имот и ослободување на претходно издвоената исправка на вредност во согласност со регулативата на НБРСМ.
Трошоците за вработените бележат зголемување од 14,28 % во споредба со истиот период од претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 100,29 %. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 9,13 %, а реализацијата на планот за втор квартал од 2023 година изнесува 97,91 %. Амортизацијата е пониска за 7,73 % на годишна основа, а планот е остварен со 86,86 %.
Одразувајќи ги движењата на оперативните приходни и расходни позиции, оперативниот резултат од работењето на Банката за првата половина од 2023 година е позитивен и изнесува 84,54 милиони денари, што претставува подобро остварување споредено со истиот период од мината година за 142,16 %.
2. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување
Во периодот 1.1.2023 – 30.6.2023 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.
3. Дивиденди
Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка погодишната сметка за 2022 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата
на Собранието на акционери одржана на 4.5.2023 година, Банката не исплатидивиденда за 2022 година.
4. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)
Недвижностите и опремата бележат намалување од 3,01 % во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2022 година.
5. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30 % во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)
Обврските по кредити бележат намалување од 29,56 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2022 година.
6. Очекувања за претстојниот период
Во услови кога на повидок е забавување на инфлацијата и продолжена неизвесност поврзана со конфликтот во Украина и со движењето на пазарот на енергенси, на краток рок очекувањата на Банката се во насока на исполнување на планските големини. На среден рок, Банката очекува одредено стабилизирање на макроекономското опкружување и умерено нагорно придвижување во економијата, притоа приспособувајќи го своето работење на деловната клима и на динамикaта на пазарот со цел остварување на планот.
Во согласност со условите за работење во економијата, деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката во идниот период ќе биде насочена кон транзициона реорганизација за приспособување на работењето на условите, со цел одржување на динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, кон прудентно, стабилно и профитабилно оперативно работење и со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал. Започнатите засилени мерки за наплата на
нефункционалните кредити, надополнети со зголемени активности за продажба на преземениот имот и контрола на трошоците, ќе продолжат и во наредниот период со цел да се подобри квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.