26 Април, 2024
0.0287

Истрага за градоначалникот на Петровец: Исплатил половина милион евра на фирми на брат му за фиктивни услуги

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Јавното Обвинителство отворило истрага против градоначалник на Општина Петровец, Борче Митевски, и неговиот брат под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари. Митевски е осомничен дека во период од 2012 до 2018 година потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирмите чијшто вистински сопственик е неговиот брат.


Случајот со поднесена кривична пријава  го започна Управата за финансиската полиција, чиј директор Арафат Муареми, тврди дека братот на градоначалникот е  вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на фирмите „Аце транс компани“ и „Леома транс “ ДОО Скопје. Проблематично е и тоа што во јавната набавка компанијата лажела дека поседува техничка опрема за да се стекне со право да учествува во тендерот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори, по отворањето на случајот од страна на Финансиска полиција, рекоа дека Обвинителството за организиран криминал и корупција веќе го има истражено овој случај воп 2017-2018 и дека бил затворен како чист.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал минатиот месец отворило истрага против градоначалникот Митевски, вработен во општината, братот на градоначалникот и управител на една од фирмите за кои постои основано сомнение дека преку нив биле издавани фиктивни фактури.

Градоначалникот Митевски во изјава за Радио Слободна Европа вели дека сите фактури кои биле исплатени од општината не се фиктивни, туку се за извршени услуги.

Истражителите за радио Слободна Европа велат дека на терен утврдиле дека исплатените фактури се фиктивни, односно дека не се извршени услугите за кои општината си платила.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот