26 Јуни, 2024
0.0305

Истрага за уништување на археолошкиот локалитет Влаху во Живојно

Објавено во: Македонија 06 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик.

Во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, во селото Живојно, општина Новаци, првопријавениот како одговорно лице во правното лице презел дејствија со кои ја уништил источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влаху во селото Живојно. Локалитетот претставува регистрирано недвижно добро – дел од арехолошката мапа на Македонија и се наоѓа во опфатот на концесиското поле определено со Одлуката на Владата на РСМ за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – јаглен на осомниченото правно лице.

„Иако првопријавениот знаел дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште во кое не смее да се врши експлоатација, сепак во горенаведениот период, без да ги почитува одредбите од член 13 од Договорот за концесија и насоките дадени од претставниците на НУ Завод и Музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, ангажирал подизведувач на кого му дал насоки да започне со експлоатација на минерална суровина – јаглен. Како резултат на тие активности во целост е уништена источната периферија на археолошкото наоѓалиште, што е констатирано на лице место од овластени службени лица од Управата за заштита на културно наследство и од НУ Завод и музеј Битола“, велат од Обвинителството. 

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување мерка за обезбедување спрема правното лице – забрана за вршење дејност вадење на камен јаглен. Ваквата забрана е побарана бидејќи понатамошното ископување на земја од подрачјето може да доведе до целосно оштетување на целиот археолошки локалитет Влаху. Имено, Основното јавно обвинителство Битола во поднесениот предлог му укажа на Судот дека заради исклучително длабокиот укоп кој веќе е направен и со кој е уништена источната периферија на локалитетот, возможно е еродирање на археолошките содржини и дополнително уништување на други делови од археолошкиот локалитет.

Дополнително, во рамките на истото концесиско поле има уште два локалитети кои подлежат под истиот режим на заштита. Со оглед на тоа што концесионерот, со своето однесување покажа дека нема намера да ги почитува законските и договорните обврски за заштита на културното наследство, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност и овие други локалитети да бидат неповратно уништени доколку ископот не се забрани.​

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“