05 Декември, 2025
0.0532

Истражувачите од Алкалоид ја решија непознатата структура на соединението фолкодин монохидрат

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2013 11:29

Добивај вести на Viber

Истражувачкиот тим на АЛКАЛОИД во соработка со две научно-истражувачки лаборатории, за првпат во светски рамки, ја реши кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат кое за пациентите кои страдаат од интензивна сува кашлица е повеќе од половина век достапно во форма на капсули и сируп. Познавањето на кристалната структура и полиморфизмот (можност едно хемиско соединение да постои во повеќе различни кристални форми) на секое фармацевтски-активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичко-хемиски својства и физиолошка активност. Иако фолкодин монохидратот во вид на капсули и сируп против интензивна сува кашлица се наоѓа во активна медицинска употреба во светски рамки уште од средината на минатиот век, не беше позната неговата кристална структура. Најверојатно, како последица на непознавањето на неговата структура, до сега останаа неразјаснети некои аспекти во врска со физиолошката активност на ова соединение. Нивното разјаснување и дефинирање перспективно може да понуди негова проширена и модифицирана медицинска примена. Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во реномираното научно списание „Kристален раст“ (“Journal of Crystal Growth“) во вид на оригинален истражувачки труд под наслов „Фолкодин монохидрат: Кристална структура и полиморфизам“. Истражувањето е спроведено по иницијатива на м-р Ѓорѓи Петрушевски, вработен во Институтот за истражување и развој на Алкалоид АД Скопје, како дел од неговата докторска дисертација водена под менторство на проф. Петре Макрески од Институтот за хемија при Природно-математичкиот Факултет во Скопје, a во соработка со колеги од Природословно-математичкиот факултет од Загреб, Р. Хрватска и Институтот за хемија при ПМФ. Ова научно постигнување претставува огромен успех за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип раководено од македонски научници под покровителство на Алкалоид АД Скопје, што претставува поттик за понатамошна соработката на оваа компанија со научните институции во Р. Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј