16 Мај, 2024
0.0267

Истражување: 82 посто од постарите сметаат дека во Југославија се живело подобро

Објавено во: Балкан 08 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Истражувањето на порталот MojeVrijeme.hr покажа дека дури 82 посто од хрватските испитаници со сериозно искуство во животот во СФРЈ мислат дека во СФРЈ се живеело подобро, 74 посто би можеле под одредени услови повторно да живеат во еднопартиски состав, а 40 посто од нив сметаат дека Јосип Броз Тито е позитивна личност.

Истражувањето „Дали некогаш ни било подобро“, е спроведено во март, наменето за „50 плус“ генерациите, во него анонимно учествувале повеќе од 2200 граѓани на Хрватска и БиХ, а обработени се одговорите на сите учесници постари од 45 години - повеќе од 1700.

Дека во поранешната држава се живеело подобро или многу подобро сметаат 82 посто од испитаниците од Хрватска, дека било лошо тврдат четири посто од нив, додека „не дај Боже да се повтори“ било одговор на шест посто од испитаниците.

При тоа 14 посто од испитаниците за себе отворено велат дека се југоносталичари, додека 62 посто од нив мислат дека не припаѓаат таму. Повремени југоносталгичари, се според сопствено признавње 22 посто.

Меѓу искажаните верници дури 12 посто се декларирани југоносталгичари,а 19 посто се оние кои така се нарекуваат повремено.

Без проблем би можело да живеат во еднопартиски систем, ако тој живот би го поминувале во благосостојба, дури 60 посто од хрватските испитаници. 14 посто од нив би можеле да живеат во такво социјално опкружување, зависно од тоа која партија би била на власт.

Тоа значи дека дури 74 посто од испитаниците, кои имаат искуство од животот во СФРЈ би можеле повторно да живеат во друштво со една политичка партија додека дури секој петти испитаник (21 посто) категорично утврдиле дека не би можеле да живеат во едноумие.

ТИТО-Позитивна личност

За Тито 40 посто од испитаниците мислат како бил позитивна личност, а само осум посто сметаат дека се работи за диктатор. Меѓу искажаните верници дури 14 посто се оние кои мислат дека Тито е диктатор, додека 31 посто од верниците го сметаат безусловно за позитивна личност.

Поранешната држава по дискриминација врз основа на националностите, кои ги искусиле на сопствена кожа, ги паметат 13 посто од хрватските испитаници, додека 83 посто од нив мислат дека не биле дискриминирани на тој начин.

Меѓу хрватските испитаници 56 посто се изјасниле како верници, додека 36 посто се оние кои не се. На богослужба во времето на СФРЈ оделе 78 посто од испитаниците, а само два посто рекле дека корупција имало повеќе отколку во самостојна Хрватска.

Кога станува збор за куповната моќ, 28 посто од испитаните тврдат дека денес може да си дозволат повеќе, додела жал за потрошувачката моќ од времето на Југославија искажуваат 55 посто од испитаниците кои мислат дека некогаш им било многу повеќе достапно.

Децата растат во несигурно опкружување

Во споредба со своете растење во СФРЈ , дури 91 посто од испитаните мислат дека денешните деца растат во несигурно опкружување, додека само 4 посто мислат дека децата денес се безбедни.

За враќање на некогаш популарните млади работни акции раце би кренале 73 посто од испитаниците постари од 45 години, а против тоа се 15 посто.

Испитувањето во БиХ покажува дека таму граѓаните постари од 45 посто искажуваат со мавтање позитивен став и чувства кон поранешната заедничка држава во уште поголем степен од хрватските испитаници, наведува порталот MojeVrijeme.hr.

Така, на пример, за вкупно 87 посто од испитаниците од БиХ не им било лошо да се вратат во еднопартиски состав, 92 посто од нив сметаат дека некогаш се живеело подобро, дури 66 посто од испитаниците мислат дека животот во Југославија бил многу подобар додека Тито за позитивно лице го сметаат високи 65 посто од испитаниците, а диктатор само три посто.

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот