06 Октомври, 2024
0.0273

ИСТРАЖУВАЊЕ: Источна Европа збудале по паметните телефони

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Европа продолжува да покажува различни нивоа на зрелост во однос на индустријата на информатичката и комуникациската технологија (ICT), но разликата во овој поглед меѓу развиените и пазарите во развој станува помала, покажува извештај на Ericsson. Според него корисниците ги разбираат предностите на високо квалитетни линкови и улогата што технологијата ја игра во нивните животи, еве зошто повеќе од една третина од Европјанитете велат дека за нив е особено важно да има интернет врска, без разлика каде се наоѓаат. Студијата Ericsson ConsumerLab од 2014 година покажува дека влегувањето на смартфоните во домаќинствата речиси двојно се зголеми меѓу европските земји во последните две години. Во растечките пазари во Источна Европа бројот е тројно. Во многу од развиените пазари како Велика Британија и Шведска смартфоните се веќе повеќе од десктоп компјутерите во домаќинствата, додека во други европски земји како Италија, секои две од три домаќинства во 2014 година имале smartphone. За споредба во 2012 година беше едно на секои три домаќинства. Меѓу другите трендови кои Ericsson ги истакнува во извештајот, е фактот дека се почесто корисниците користат истовремено smartphone и таблет. Присуството на таблети во домаќинствата во Европа е зголемено значително, од само 18% во 2012 година до 50% во 2014 година. Smartphones се најпосакувани за испраќање на пораки и за повици, додека персоналните компјутери се користат главно за активности кои бараат поголем сообраќај на податоци, посочуваат уште од Ericsson. Освен тоа смартфоните и таблетите се користат често за игри и пристап до социјалните мрежи од европските корисници на мобилни уреди. Во Германија на пример 42% од интернет корисниците играат игри на преносни уреди. Десктоп компјутери се користат на прво место за сурфање на интернет, а потоа се редат онлајн шопинг и социјалните мрежи. Локации Истражувањето на Ericsson ConsumerLab за 2014 година покажува дека има значителни разлики во преживувањето на корисниците на мобилни уреди во однос на поврзување внатре и надвор. Корисниците се категорични дека се многу по задоволни од својата интернет конекција дома и во канцеларија, отколку од користењето на безжичен интернет конекција надвор. Една од причините за високата задоволеност од врските во затворени простори е ширењето на Wi-Fi. Мобилни претплати и сообраќај Бројот на smartphone претплата во Европа достигна 450 милиони во 2014 година, што е околу 45% од сите Smartphones во светот. До крајот на 2020 година Ericsson очекува бројот на смартфоните во Европа да се зголеми речиси двојно, достигнувајќи 830 милиони. Тоа значи дека 70% од потрошувачката на мобилни претплати ќе се полага на смартфоните. Истовремено Ericsson прогнозира дека мобилниот сообраќај во Европа ќе достигне 6,2 екзабајти (EB) месечно до крајот на 2020 година. Ова е осум пати повеќе од 2014 година Очекувањата на компанијата се мобилниот сообраќај за разговори да продолжи да се зголемува рамномерно во следните години, но нема да има значително влијание врз вкупниот обем на мобилниот сообраќај. Од своја страна мобилниот сообраќај продолжува да ужива стабилен раст и во 2014 година забележува 50% раст во однос на 2013 година. Очекувањата на Ericsson се тој да скокне со околу 40% помеѓу 2014 и 2020 година. Благодарение на достапноста на таблетите и смартфоните ова ќе се случи уште полесно. Во моментов сообраќајот во сегментот со мобилни телефони е генериран главно од смартфоните. Вкупниот месечен смартфон сообраќај во мрежите ќе порасне девет пати помеѓу 2014 и 2020 година, предвидуваат од технолошката компанија. Обемот на податоци користен од секој активен смартфон претплатник, ќе се зголеми значително од 1,2 GB месечно во 2014 година во просек 6,5 GB месечно во 2020 година. Еден од главните мотори на оваа промена е сè почестото гледање на видео преносни уреди, како дома, така и надвор. Обработка: К.К. Извор: Ericsson

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип