26 Ноември, 2024
0.0266

Истражувачки труд на средношколка од „Нова“ објавен покрај трудовите на реномирани научници од целиот свет

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Голем успех е кога истражувачки труд на некој студент или докторанд ќе се најде во научно списание. Но, кога труд на средношколка ќе биде објавена во вакво списание кое исклучиво публикува трудови на научници - доктори на науки, тогаш станува збор за неверојатно постигнување. Токму тоа ѝ успеа на ученичката во четврта година во меѓународното училиште „Нова“, Мила Билеска, чиј истражувачки труд од областа на физиката во октомври се најде во еминентното академско списание „Журнал на физиката и астрономијата“ (Journal of Physics & Astronomy). Со тоа Билеска е една од ретките средношколци чиј истражувачки труд е објавен во академско научно списание.   

Билеска работеше на истражување во кое е разработен и прикажан ефективен метод на мерење на Планк константата со голема прецизност. Нејзиниот експеримент се состои од два дела во кои се мери брановата должина на светлината од LED светилки и енергијата која е потребна за да се произведе фотон со специфична фрекфенција.

- Покрај техничкиот аспект, експериментот истовремено е фокусиран и на самата анализа на податоците. Поточно, успеав да илустрирам како два различни методи за обработка на податоци доведуваат до различни решенија. По споредбата на добиените нумерички вредности дојдов до заклучок дека графичка пресметка оддава попрецизно решение, т.е. има маргина на несигурност од само ±0.312x10^(-34)Јс – објаснува Билеска.

Физиката и астрономијата ја интересирале уште од раното детство, кога почнала да бара одговори за ѕвездите и вселената. Интересот за двете науки продолжил и во текот на школувањето, поради што во средното училиште интензивно почнала да ги изучува, со генерален акцент на физиката во која особено се пронашла. Како што вели, сѐ уште не е сигурна што ѝ е поголем предизвик, квантната механика или астрофизиката. Токму поради одличните резултати што ги покажува на ова поле, академските советнички од „Нова“ минатата година ја насочиле кон посебна програма наречена Pioneer Academics Research Program која поддржува истражувања на ученици и студенти од различни области и пишување истражувачки трудови. 

- Апликацијата е прилично долга, но тоа е сепак мал труд за едно непроценливо искуство кое го добивате доколку станете дел од програмата. Благодарение на информациите кои советниците од „Нова“ редовно ги споделуваа со мене и нивната поддршка, процесот на аплицирање ми беше драстично олеснет. Тие ми помагаа додека траеше моето истражување и одговорија позитивно на мојата жед за знаење, за што сум им неизмерно благодарна – вели Билеска.

Поради искучителните резултати кои таа ги постигнува во нејзините школски, но и воншколски активности, Мила доби стипендија од Pioneer Research програмата која всушност ѝ овозможила да го спроведе истражувањето и целосно да му се посвети на осмислувањето и спроведувањето на експериментот. За време на активностите од програмата, Билеска и другите учесници имале ментори, професори од врвните универзитети во САД, со кои редовно комуницирале и кои ги насочувале во истражувачката работа. По завршувањето на програмата, трудот се оценувал и му бил доделен академски кредит кој е признаен во сите универзитети во САД. Околу 800 студенти од 27 земји во светот учестувале во оваа програма во изминатите 6 години.

Билеска објаснува дека првично не планирала да го објави трудот, но откако нејзиниот ментор го прочитал и препорачал да стапи во контакт со научни списанија.

- При преписката со „Journal of Physics & Astronomy“, уредниците ми кажаа дека нивното списание најчесто објавува трудови од научници кои се акредитирани со докторат или во моментот го изработуваат, но во мојот случај, поради квалитетот на трудот, направија исклучок. Сето ова јас не го гледав како предизвик, туку како можност да го прикажам моето знаење и да станам побогата за едно искуство на пишување и објавување на научен труд, со што првпат се среќавам. Успехот што го достигнав го претставува мојот прв ,,мал“ чекор кон остварување на мојот сон за успешна кариера во физичките науки – вели Мила.

Нејзините идни планови се поврзани со теоретска квантна физика, односно кариерата да ја посвети на откривање и проучување на тајните математички механизми на универзумот. Билеска планира своето факултетско образование да го продолжи во САД, на програма која и нуди одлични услови во однос на истражувачките капацитети. На своите врсници кои имаат интерес за истражувачка работа им порачува да бидат упорни и посветени доколку сакаат да постигнат успех.

- Истражувачката работа првично треба да се смета за хоби. Успехот во оваа академска сфера е тежок, но се постигнува со вредна работа и интелектуална жед. Секое знаење, без оглед на тоа колку го сметате за „ирелевантно“, е бесценето богатство кое ви го проширува светогледот. Затоа, доколку имате интерес за проучување и истражување, уште денеска започнете го вашето патешествие до потребното знаење. Со текот на времето, трудовите ќе го достигнат посакуваниот квалитет и влијание врз академските здруженија – завршува Билеска.

А.Т.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик