Истражувања во САД за уредот Glo* – подобра алтернатива од пушењето цигари
Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2025 09:44
Glo* уредот, кој е наменет за алтернативни никотински производи**, има голема веројатност да биде користен од актуелните корисници на цигари во САД и огромно мнозинство од нив имаат намера да го користат уредот за да ја намалат употребата на цигари или пак целосно да се откажат од пушењето. Ваков е еден од заклучоците од истражување спроведено во САД, за употребата на помалку штетните производи*** кои користат технологија на загревање на тутун, наместо согорување, каков што е случајот со цигарите. Истражувањето на шест реномирани американски научници е објавено во „American Journal of Health Behavior“ и е насловено „Purchase Intent and Intended Use of the glo Heated Tobacco Product“.
Американските здравствени власти тврдат дека пушењето цигари е водечки причинител за болести кои може да се превенираат, а намалувањето на стапката на пушење е сè уште еден од најефикасните начини за подобрување на состојбата. Сепак, користењето на пристап кој води кон апстиненција се нема покажано доволно ефикасен за намалување на штетните последици или пак бил пристап кој не бил прифатлив кај мнозинството од засегнатите граѓани. Затоа, изминатиов период беа развиени повеќе различни помалку штетни производи***, како што е и електронскиот уред Glo*, со намера да се понуди подобра алтернатива на цигарите,.

Иако не постојат производи со тутун кои се целосно безбедни или без никаков ризик, студиите покажуваат дека загреаните тутунски производи се помалку штетни*** и се подобра алтернатива за пушачите.
Glo* е електронски уред кој загрева тутун на многу пониски температури отколку цигарите и ослободува никотин во форма на аеросоли. Овој производ првпат на национално ниво бил достапен во Јапонија во 2017 година, а сега го има во голем број европски и азиски земји. Истражувањата, на кои се повикуваат научниците, покажуваат дека има помалку штетни*** состојки во аеросолта предизвикана од производ кој загрева тутун** во споредба со чадот од цигарите.
Истражувањето, кое било спроведено со соодветна методологија и преку електронски пат во САД на повеќе од четири илјади полнолетни испитаници, било поделено во неколку групи. Но, фокусот бил поставен на неколку групи. Тоа се 1017 лица кои користеле цигари во секој од изминатите 30 дена или т.н. „утврдени пушачи“, потоа на група сочинета од 640 лица не се сметаат за регуларни пушачи, или т.н. експериментирачи, како и група од 313 лица кои воопшто не пушеле цигари. На испитаниците претходно им бил претставен производот Glo* и на сите учесници им биле претставени ризиците кои ги имаат производите што загревааат тутун.

Кај учесниците кои изразиле намера да го употребат Glo*, само мал незначителен дел од непушачите, 2,2%, навеле дека би продолжиле да го користат производот.
Од друга страна, 64,7% од експериментирачите одговориле дека би го употребувале Glo*, како и 40% од утврдените пушачи. Кај оние што експериментираат и што би го употребиле Glo* дури 88,4% или целосно би се префрлиле на Glo* или би го комбинирале употребувајќи помалку цигари, а само 6,4% одговориле дека би употребувале уредот без да го намалат пушењето на цигари. Кај утврдените пушачи кои би користеле glo*, дури 87,9% целосно би се префрлиле на уредот кој загрева тутун или би го употребувале паралелно со намален број на цигари. Само 2,4% од утврдените пушачи кажале дека ќе го користат уредот, но без да го намалат пушењето на цигари. Според истражувањето Purchase Intent and Intended Use of the glo Heated Tobacco Product, ваквите податоци укажуваат дека производите како glo* би можеле да бидат подобра алтернатива* од традиционалните цигари.
Во заклучоците се наведува дека во Јапонија, каде што Glo* за првпат бил пласиран на национално ниво, и е на пазарот со уште два уреда за загревање на тутун, бил забележан забрзан пад на продажбата на цигари откако уредите биле пуштени во продажба. Воедно, растела побарувачката за патрони за glo*.

-Воведувањето на производи** што загреваат тутун во Јапонија обезбедува реални докази за нивната привлечност кај актуелните пушачи и нивниот потенцијал да бидат подoбра алтернатива* од цигарите, бидејќи пушачите или се откажуваат од пушењето или ја намалуваат употребата на цигари со користење на алтернативни производи** со тутун. Ваквите уреди во Јапонија се уникатно позиционирани на пазарот како примарен алтернативен производ** за пушачите, се вели во анализата „Purchase Intent and Intended Use of the glo Heated Tobacco Product“ објавена во американското стручно списание.
Од компанијата „Бритиш Американ Тобако“, кои се производител на Glo*, објавија дека помеѓу 2018 и 2023 година, продажбата на цигари во Јапонија се намалила за приближно 33%, додека пак продажбата на производ со загреан тутун** се зголемила за повеќе од 60%.
-Производите со загреан тутун сочинуваат 44% од пазарот на тутунски производи во Јапонија, а во Токио е до 50%, вели Ема Дин, генерален менаџер за БАТ - Јапонија.
Академици од Канада, САД и Јапонија, спровеле национално истражување „Reasons for Regularly Using Heated Tobacco Products among Adult Current and Former Smokers in Japan“, кое опфатило повеќе од 500 корисници на уреди за загревање на тутун. Резултатите од ова истражување како најчеста причина за редовно користење на производи што загреваат тутун** го идентификувале „верувањето дека овие уреди се помалку штетни*** од цигарите“.
*Glo го загрева тутунот наместо да го гори, тоа генерира аеросол од тутун, помалку мирис и без пепел во споредба со цигара при пушење. Овој производ не е без ризик и содржи никотин, супстанца која создава зависност. Овој производ не е без ризик и содржи никотин, состојка која создава зависност.
**Овој производ не е без ризик и содржи никотин, состојка која создава зависност.
***Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосно префрлување од пушењето цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ
Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени





