ИТ компаниите веќе со конкретни активности и подготовки за програмата студентски ваучери 2025
Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2025 16:02
Со најавените над 50.000 студентски ваучери и релативно краткиот временски рок за нивно искористување, целиот ИТ сектор се соочува со голем предизвик да обезбеди доволно лагер на квалитетна опрема.
Разбирајќи го ова, и со цел да им излезе во пресрет на студентите, компанијата Анхоч е прва што го креираше и лансираше системот за предрезервации на уреди.
Со најавата на Владата за доделување студентски ваучери во вредност од 15.300 денари, Анхоч, како лидер во технолошката поддршка на студентите, лансира ексклузивна понуда со фокус на брза и едноставна предрезервација.
Понуда креирана според гласот на студентитe
По успешно спроведената анкета во која учествуваа илјадници студенти од целата земја, Анхоч подготви специјална понуда која ги опфаќа најбараните уреди за студирање, креативност и продуктивност:
· Лаптопи: Од ултра-тенки модели за брзи белешки и предавања, до моќни гејминг ѕверови за кодирање и креација - ја нудиме целата палета на перформанси за секој буџет и амбиција.
· Таблети: Флексибилни уреди, идеални за читање, дигитални белешки и гледање предавања, буквално се што ти треба во еден ранец.
· Десктоп Компјутери: Mоќни и продуктивни, составени од врвни компоненти од најпознатите светски брендови, за оние кои бараат максимален перформанс и долгорочна сигурност.
„Нашата цел беше да создадеме понуда која навистина одговара на реалните потреби на студентите - уреди што ќе им помогнат да учат, создаваат и се развиваат. Затоа велиме: Твој ваучер, твој избор, наша технологија,“ - изјавија од тимот на Анхоч, нагласувајќи ја посветеноста на компанијата кон образованието и иновациите.
Разбирајќи ја потребата од брзо и ефикасно користење на ваучерите, и со цел да се избегнат гужвите и хаосот, Анхоч го лансира системот предрезервација на уреди.
Мотото на оваа кампања е едноставно и директно: Не се нервирај - Предрезервирај: Обезбеди го посакуваниот модел на време!
Со предрезервацијата, студентите го обезбедуваат токму моделот што го посакуваат кога државната програма ќе започне.
Понудата е осмислена така што секој студент може да го искористи својот ваучер брзо, едноставно и без непотребни процедури.
Дополнително, сите студенти кои ќе направат предрезервација исто така ќе добијат и специјален подарок, како знак на благодарност за довербата и интересот.
Како и досега, Анхоч останува посветен на поддршка на младите и негува препознатлив пристап -технологија со човечко лице, достапна за сите што сакаат повеќе.
Затоа не ризикувај – предрезервирај го својот уред и уживај во бенефитите за рана предрезервација!
Повеќе информации за предрезервациите, каталогот и понудата, веднаш на: www.anhoch.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





