19 Декември, 2025
0.0544

ИТ Лабс – Инкубатор на нови луѓе и идеи во ИТ сектор на светско ниво

Објавено во: Мои пари 20 Декември, 2016 15:33

Добивај вести на Viber

Модерните и напредните технологии го диктираат трендот во светот, позицирајќи ги ИТ компаниите на врвот од новите брзорастечки светски индустрии. Она што меѓусебно ги разликува овие компании е квалитеот на услугите и продуктите што тие ги нудат на светскиот пазар. Една од успешните фирми што прават разлика во понудата и производите е македонската IT Labs, компанија што веќе е распространета на три континети.

За нивните почетоци, организациската структура, начините на работа и односот со вработените, разговараме со Владимир Илиевски, главен оперативен менаџер и ко-основач на компанијата IT Labs.

Фактор: ИТ Лабс е основна во 2004 година во САД. Кажете ни накратко за вашите почетоци таму, а потоа и за вашето претставништво во Македонија?

Владимир Илиевски: ИТ Лабс е компанија во македонска сопственост којашто по основањето во Америка, свое претставништво отвори и во Силиконската долина и голем број градови во САД, за по една година да отвори свое претставништво и во Македонија. Компанијата  започна со основна дејност како сервисна компанија, а потоа ја збогати својата понуда со изработка на сопствени продукти. Канцеларијата во Македонија уште на почетокот имаше голем потенцијал и ние тоа умешно го искористивме. Од самиот почеток нашата стратегија, идеја и цел беше канцеларијата во Македонија да биде главното претставништво за цела Европа и од тука да се шириме на европскиот пазар со нови и просперитетни професионалци преку креирање на нашите уникатни услуги и производи.

Фактор: Ова говори дека вашата канцеларија во Македонија всушност сега е срцето на ИТ Лабс?

Владимир Илиевски:Може да се каже така. Срцето и мозокот, да бидеме поконкретни. Она што е интересно е резултатот од интерната анкета спроведена за потребите, односно проширувањето на нашата канцеларија и седиште во Флорида, каде главна цел на истражувањето беше кој од вработените сака да се пресели во Америка и продолжи таму да работи. Интересен е податокот којшто укажува дека само 10тина луѓе посакаа да се преселат, а голем дел од нив својата иднина ја гледаат во Македонија бидејќи потенцијалот на овој бизнис ветува и нуди многу предизвици, а тоа доволно говори за потенцијалот што го имаме и го препознаваме на македонскиот и европскиот пазар.

Фактор: Која е вашата главна дејност? Што всушност им нудите на клиентите во поглед на бизнис услугите?

Владимир Илиевски:Нашата компанија нуди различни услуги за потребите на бизнис корисниците. Но, тука не станува збор само за понуда на идеја, туку и развој на целосен концепт, негово усогласување со потребите на клиентот, како и комплетен менаџмент на оперативноста на софтверот. Поконкретно, услугите што ги нудиме опфаќаат развој на стратегија на технологија и консултации, проектен менаџмент, проценки и евалуации, дизајн на систем, автоматизација и интеграции, дизајн на функционалност, оптимизација на бизнис процеси, дизајн на архитектура, документација, програмирање и гаранција за квалитет, графички дизајн и искуство на корисникот како и одржување, хостинг и поддршка.

Фактор: Започнавте со 12 вработени во Македонија, а сега броите дури 90. Како успевате и на што се должи брзиот раст на вработените во вашата компанија?

Владимир Илиевски:Токму така. ИТ Лабс сега во Македонија брои 90 вработени и тука нема да застанеме затоа што овој бизнис е брзорастечки како во светот, така и во Македонија. Она што ја прави разликата од другите компании е фактот дека ИТ Лабс ги поседува сите сертификати и врз основа на тие, креира обуки за вработените според сите светски стандарди и методологии, а тие содржат интерни предавања, конференции, посета на семинари, комуникациски алатки и методи, талент менаџменти, како и организација на различни работилници и тим билдинзи за потребите на нашите тимови.

Фактор: Каков е бенефитот од обуките и што се придонесува со нив во генералниот напредок на компанијата?

Владимир Илиевски:Најголем процент од нашите вработени се луѓе што кај нас се целосно обучени. Ние имаме вработени што почнале како практиканти, а сега се експерти во областа која ја работат и ја преставуваат нашата компанија. Тоа се должи на нашата професионална, детална и иновативна обука којашто е наменета за ентузијасти и луѓе што сакаат да учат и да се надградуваат. Со таа успешност и интензитет на обуки се поттикнува креативниот дух, а со тоа се овозможува да дојде до израз вистинскиот талент и потенцијал кај вработениот којшто потоа ќе биде искористен за да се создаде компактност и меѓусебна поддршка меѓу старите и новите вработени.


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии