05 Декември, 2025
0.1676

ИТ секторот учествува со 4% во БДП; Спремни ли сме за извоз на македонски софтвер?

Објавено во: Економија 11 Декември, 2012 18:37

Добивај вести на Viber

Софтверскиот пазар е добра можност за Македонија, која има добрата мрежна информатичко комуникациска инфраструктура и квалитетен кадар, поккажале анализите на Факултетот за информатички технологии и компјутреско инжинерство ФИНКИ.

Според ваквите студии за разлика од претходниот период, сега веќе десетина македонски  ИТ компании  развиле успешни продукти што ги продаваат на странските пазари, што се смета за нова димензија на домашниот софтверски пазар. „Од ФИНКИ и од останатите факултети што се занимават со ИТ  во принцип излегуваат прилични квалитетни кадри на чија основа се темели растот на ИТ индустријата  особено во делот на развој на софтвер во кој  има голем број мали и средни компании кои на концептот  аутсорсинг развиваат софтвер за надвор. Според анализата што ја правевме пред неколку дена веќе има десетина македонски компании кои стигнале до нивото да прават сопствени продукти коишто ги продаваат низ целиот свет“, вели за МИА деканот на ФИНКИ Димитар Трајанов. Според него, врз основа на добра мрежна инфраструктура, меѓу другото развиениот широкопојасен интернет, компаниите што развиваат софтвер имаат предуслови да бидат успешни на светските пазари. Сепак, посочува Трајанов, треба да се направи дистинкција во домашната ИТ индустрија  на дел од компаниите што работат во Македонија што е помал, и поголемиот дел што работи  и развива софтвер   што се продава надвор од Македонија. Има компании со над 100-ина вработени што не продаваат ништо  во Македонија односно се што произведуваат е  за надвор. Состојбата треба да се  разгледува од тој аспект и  всушност тоа е приказната зошто  ИТ индустријата  може да е малку различна од  другите индустрии, односно од се што работат најголемиот дел излегува надвор, појаснува Трајанов. Според Горан Попоски од ИКТ Комората МАСИТ, важно во идниот развој е развивањето локална вредност, но треба да се има предвид  и фактот оти големината на пазарот го движи бизнисот. „Првин треба да се насочиме тука да развиваме локална вредност, апликативен софтвер,  адопција на мултискрин решенија прилагодени за македонскиот пазар и пошироко. Не е само во прашањето каде сме насочени туку колкав е  и пазарот во кој се наоѓаме,  бидејќи големината на пазарот го движи бизнисот. Ако локално не ги предизвикаме  големите компании да дојдат тука тие нема да дојдат“, изјави Попоски. За Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски државата прави се за поддршка на ИТ секторот, чие учество од 4 проценти во БДП е многу повеќе од голем број европски развиени земји.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата