20 Мај, 2024
0.0268

Италија добива нова Влада, но без Салвини

Објавено во: Свет 29 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Италија ќе има нова влада.

Првите луѓе на италијанската Демократска партија на левиот центар (ПД) и популистичкото движење Пет ѕвезди вчера соопштија дека се договориле да формираат коалициска влада.

До договорот дошло кога Демократската партија се согласила на барањето на Пет ѕвезди Џузепе Конте повторно да биде премиер. Потоа тие побарале од претседателот на државата да му го даде на Конте мандатот за формирање нова коалициска влада.

„Му кажавме на претседателот дека постигнавме договор со ПД, кој ќе овозможи Конте да биде следниот премиер“, рече водачот на Пет ѕвезди, Луиџи ди Мајо, по средбата со италијанскиот претседател Серџо Матарела, која беше последната можност да се излезе од кризата, пренесува Би-би-си.

По состанокот со претседателот на Италија, претседателот на Демократската партија, Никола Цингарети, рече дека смета дека „вреди да го пробаме ова“.

Откако Конте ќе му предложи список на министри на претседателот Матарела, двата дома на италијанскиот парламент треба да гласаат за доверба на новата влада.

Планираната заедничка администрација ќе работи до следните закажани избори во 2023 година.

Актуелниот министер Матео Салвини, соопшти дека е изненаден од оваа одлука. Предупреди дека новата колација нема да владее вечно, бидејќи немаат што да понудат на Италија, а единственото нешто што ги држи заедно е омразта кон неговата партија Лига. 

Можеби ќе ве интересира

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?