ИТАЛИЈАНЦИТЕ НА МАКА: Птици им ги уништуваат оризовите полиња
Објавено во: Агробизнис 13 Јули, 2025 08:05
Земјоделците на североистокот на Италија имаат необичен проблем бидејќи нивните оризови полиња се оштетени од птици, но не било какви птици, туку фламинга, јавуваат медиумите.
Фламингата релативно неодамна се населиле во покраината Ферара, помеѓу Венеција и Равена, на полињата каде што се одгледува ориз за рижото.
Целта на овие птици не се семките од ориз, туку тие ја копаат почвата со нозете под плитка вода во потрага по мекотели, алги и инсекти, а оризот е колатерална штета во оваа прилика, објавува Гардијан.
Сега земјоделците се принудени да патролираат деноноќно во обид да ги избркаат птиците од своите полиња.
Тие користат камионски сирени, удираат по буриња, па дури и користат мал гасен топ што произведува звук сличен на гром.
Сето ова, сепак, не даде резултати бидејќи фламингата одлетаа за кратко време и се преселија на блиското оризово поле.
Еден од локалните одгледувачи, Енрико Фабри, рече дека дури 90 проценти од приносот бил изгубен во некои од полињата.
Фламингата дошле тука од блиската долина Комаќо, резерват на брегот јужно од реката По, која се влева во Јадранското Море.
Претседателот на здружението на орнитолози на Емилија-Ромања, Роберто Тинарели, објасни дека птиците дошле во областа во 2000 година, откако сушата во јужна Шпанија ги принудила да бараат друго место за гнездење, поисточно.
Тинарели посочи дека постојат похумани и поефикасни начини да се држат фламингата подалеку од полињата, што би можело да се постигне ако се опкружени со високи дрвја или жива ограда, а уште подобро би било ако нивото на водата се намали од 12 сантиметри на 5 до 10, според „Гардијан“.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





