Италијанците сакаат на одмор во Грција, но Грците не ги примаат
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Италијанците ги вознемири фактот дека нема да може да летуваат во Грција.
Тие не сфаќаат зошто Грците не ги пуштаат слободно во земјата.
Министерот за здравство, Роберто Сперанца, изјави дека епидемиолошката состојба во Италија е подобра отколку во другите европски држави и дека не разбира зошто некои земји го ограничуваат влезот за Италијанците.
Јужниот сосед објави дека италијанските туристи во Грција ќе треба да останат во карантин седум дена, ако немаат симптоми на инфекција, а оние кои ќе покажат дека се заразени дури 14.
Шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо, ќе разговара со претставници на грчката Влада.
Италијанскиот министер за надворешни работи предупредува дека Европската унија „ќе се распадне“ доколку владите на земјите од ЕУ, во текот на летната туристичка сезона, ги третираат Италијанците како лепрозни.
Во земјата нема критични епидемиолошки подрачја, генерално ситуацијата е добра и како што беше планирано од 3 јуни можат да се отворат сите граници меѓу 20-те италијански региони.
Италија беше најпогодена европска земја од Ковод -19.
Властите подготвија видео со кое им укажуваат на граѓаните дека мора да бидат внимателни, да ги почитуваат мерките за да не пламне епидемијата повторно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.