ИТАЛИЈАНСКА СТУДИЈА: Повеќе од 99% од починатите се луѓе со други сериозни заболувања
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Март, 2020 06:39
Повеќе од 99% од смртните случи на коронавирусот во Италија се луѓе кои претходно имале и други сериозни медицински состојби, покажа студијата на националниот здравствен систем на земјата. Откако бројот на починати достигна повеќе од 2500, со пораст од 150% во изминатата недела, здравствените власти детално ги анализираат податоците, со цел да обезбедат важни иформации за да се помогне во борбата против ширењето на болеста.
Владата на премиерот Џузепе Конте во моментов прави проценка дали од почетокот на април ќе продолжи карантинот на целата земја, посебно поради фактот дека таму веќе има 35.713 инфицирани со вирусот, а бројката на починати интензивно се ближи до онаа во Кина. Во најбројната земја во светот, каде има речиси 81.000 случаи на коронавирус, починаа 3.245, а Италија во моментов брои 2.978 жртви.
Просечната старост на оние кои починале од Кови9-19 во Италија 79,5. Но, има и 17 починати кои се помлади од 50 години, но исто така со сериозни медицински состојби. Според податоците на Фондацијата ГИМБЕ, со вирусот се заразени околу 100.000 Италијанци, пишува весникот „Ил Соле 24 Оре“, што би ја довело смртноста на земјата близу глобалниот просек од околу 2%.
Инаку, во светот, коронавирусот продолжува драматично да се шири на европското тло, а Италија е повторно земјата со најмногу смртни сличаи, каде само за 24 часа починаа 475 луѓе.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи





