ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ЗА ФАКТОР: Maкедонија да преговара со Бугарија, а во ЕУ да се смени механизмот на гласање
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020
Италијанскиот новинар фриленсер Франческо Касалини вели дека нашата земја треба да преговара со Бугарија, и покрај блокадата за почетокот на преговорите со Европската Унија.
Сепак, новинарот забележува дека начинот на кој се одлучува и гласа за почеток на преговори, треба да се смени.
„Пред сè, верувам дека ЕУ не е ефикасна со овие механизми за гласање во Советот, затоа што поради гласање на една држава, другите се тие што губат, како во случајот на Бугарија со Македонија. Мислам дека треба да преговарате со Бугарија. Да се спроведат барањата од договорот за пријателство потпишан пред 3 години со Софија. Од друга страна, интерес на двете држави е да бидат дел од ЕУ“, вели новинарот.
Според него, ЕУ треба да биде вклучена во надминување на спорот меѓу двете земји.
„Јас не сум експерт за бугарско-македонското прашање, но очигледно тие се многу заинтересирани за националниот идентитет за да го подигнат случајот како држава. Верувам дека унијата ќе има корист од влезот на Бугарија, но и на Македонија. Потребно е и посилно посредување од другите земји-членки, барем јас така мислам“, додава Касалини.
Интервјуто кое неодамна го даде за БГНЕС македонскиот премиер Зоран Заев ја „вжешти“ атсмоферата во земјава. Се бара оставка од Заев. Многу политичари го критикуваа, но имаше и членови на Владата кои му дадоа поддршка. Во меѓувреме властите опоменаа дека се следи говорот на омраза на социјалните мрежи насочен кон Бугарија, и тој ќе се казнува.
Бугарија даде поддршка на Албанија за старт на преговори, но не и на Македонија.
Од Брисел стигнуваат сигнали дека оваа година старт на преговорите нема да има.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.