05 Декември, 2025
0.0379

Итен состанок на ЦЕФТА, Македонија ќе дозволи непречен увоз на српско брашно?

Објавено во: Агробизнис 22 Јули, 2013 20:08

Добивај вести на Viber

Белград денеска беше домаќин на итниот состанок на земјите членки на ЦЕФТА, а како една од главните теми на разговор беше поставено ограничувањето на увозот на пченица и брашно од Србија. Мерката ја воведе македонската влада на почетокот на јули. Македонија притоа се обрза дека во разумен рок ќе ја елиминира спорната одлука за ограничување на увозот на пченицата и брашното, изјави денеска помошник министерот за внатрешна трговија на Србија, Бојан Тодоровиќ. Тој рок не е прецизиран, но бидејќи станува збор за специфични производи се очекува тоа да биде месец или месец и пол дена, рече Тодоровиќ . Иако српската и македонската страна веќе постигнаа договор за укинување на одлуката до 15 август, односно до 1 септември за делот кој се однесува на увозот на брашно, на состанокот ова мораше да биде официјално потврдено, за да не дојде до недоразбирања, пишуваат српските медиуми. Според Расим Љајиќ, министерот за трговија на Србија, државата побара вонреден состанок на ЦЕФТА пред да се потпишат билатералните договори со Македонија. „Средбата е експресно закажана и ние не сакавме да ја откажеме. Значи ние на овој состанок носиме заклучоци кои ќе потврдат дека одлуката на Македонија да го ограничи увозот на пченица и брашно е во спотивност со правилата на СТО и ЦЕФТА. Од суштинско значење е фактот што ако истото се случува повторно следната година, ќе имаме право на реципрочни мерки ", рече Љајиќ. Вчера министерот за земјоделство Љупчо Димовски истакна дека мерката останува на сила се додека не се стабилизира домашниот пазар со пченица и брашно, а уверуваше и дека Србија нема да воведе реципрочни мерки за виното и доматите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?