Итен состанок во ЕЦБ поради банкрот кој ја демне Грција
Објавено во: Балкан, Економија 28 Јуни, 2015 09:48
Управниот одбор на Европската централна банка се собира денес поради зголемената веројатност од обврските на Грција, пренесе АФП, повикувајќи се на информации од ЕЦБ.
Управниот одбор, во составот на кој влегуваат шест членови на Извршниот комитет на банката и 19 шефови на централни банки на земјите од еврозоната, е овластен да донесува одлуки за доделување на вонредни заеми на грчките банки.
Во сегашнава ситуација - недостаток на договор меѓу Грција и кредиторите за нејзиното продолжување на финансиската помош по 30 јуни и закажаниот од премиерот Ципрас референдум на 5 јули - голема е веројатноста Атина да западне во обврските по плаќањата и земјата да биде зафатена од банкарска паника. Пред банкоматите од вчера се вијат долги редици од луѓе што влечат пари.
Ројтерс пренесува дека во една третина од банкоматите во Грција резервите од евра завршиле. Во 35% од терминалите веќе не може да се повлечат пари, прецизира агенцијата. Банките ветија сепак да ги пополнат резервите. Само за еден ден од грчките банки биле повлечени речиси 600 милиони евра.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис увери дека неговата земја продолжува да се бори за постигнување на договор со доверителите до крајниот рок - вторник, 30 јуни, кога завршува втората спасувачка програма за Грција. Тоа е и датумот на кој земјата треба да отплати долг од 1,5 милијарди евра на ММФ. Невозможно е плаќањето да се изврши без доверителите да доделат средства.
Според Варуфакис ЕЦБ треба да дејствува и да плати директно на ММФ 1,5-те милијарди евра. ЕЦБ ни должи 1,9 милијарди евра. Нека ги даде на ММФ, изјави тој за новинарите.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




