07 Октомври, 2024
0.0269

Иванов: Антикорупциска изнесе невистини, закупнината на становите е 1.950 евра

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Антикорупциска манипулира, закупнината на становите е 1.950 евра, а не 4.500 евра, реагираше преку соопштение поранешниот македонски претседател, Ѓорѓе Иванов. 

Тој тврди дека Антикорупциската комисија изнела невистини и свесно се обидела да манипулира со јавноста, како и во неколку претходни наврати.

„Договорот кој го склучи Службата за општи и заеднички работи со наша согласност, а е наменет за користење на простории за канцеларија на поранешен претседател, следи врз основа на Законот за правата на Претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата донесен од Собранието на Република Македонија. Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели. Во прилог е договорот, во кој јасно се гледа дека висината на закупнината на целосно опремен простор изнесува 1.950 евра месечно, а не како што денес беше прикажано дека е 4.500 евра“, се наведува во соопштението. 

Ивановска треба да констатира дека поранешниот претседател Иванов има само еден стан, за кој што има подигнато кредит, а не повеќе станови, како што таа претходно манипулираше со јавноста, стои во реакцијата. 


„За таа цел, поранешниот претседател Иванов ѝ ги достави сите сметки и уплати за единствениот стан, а воедно, се откажа и од тајноста на банкарските сметки“, се вели во соопштението од кабинетот на поранешниот претседател Иванов.

По 4.500 евра месечно и тоа без платите ја чини државата, канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе  Иванов кој тој ја има во скопската повеќекатница комплекс „Џевахир сити“, вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска

Таа тврди дека постапката за избор на овој простор била нетранспарентна и дека Иванов си знајмил стан кај блиско лице. Затоа Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател и да му додели канцеларии во државна сопственост.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил