Иванов: Мандат ќе добие партијата која ќе обезбеди мнозинство
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017 19:49
По завршените консултации со политичките лидери кои имаат можност за составување на нова влада, шефот на државата и се обрати на јавноста .
Како што соопшти опозицискиот лидер по завршената средба со претседателот Иванов, Ѓорѓе побарал 61 потпис од Заев како доказ дека има мнозинство да формира Влада па дури тогаш ќе добие можност да ја состави новата Влада.
„Мандат ќе добие партијата која ќе ме извести дека има мнозинство да состави Влада, или накратко прво потврда и доказ за составување на Влада па тогаш мандат“, рече шефот на државата.
Според претседателот членот 90 од Уставот е јасен. Претседателот на РМ е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партија, односно партиите кои што имаат мнозинство во Собранието.
Иванов вели дека неслучајно уставотворецот предвидел само еден член, член 90 на Уставот. Тоа значело дека му е дадена слобода во делувањето на претседтаелот и неговите проценки .
Шефот на државата вели дека го искористил Уставното право и обврска, водејќи се од слободата на Уставот и „по извршените консултации на 9 јануари 2017 година му го доверив мандатот на Никола Груевски со тоа го испочитував Уставот но истовремено останав доследен и на досегашната практика“, рече Иванов.
„Целта на консултациите, беше да го споделам моите видувања, да ги слушнам размислувањата и ставовите на моите соговорници не само за приоритетите на државните интереси туку не само за излез од политичката туку и на се она што повеќе наликува на Уставна и институционална криза.
По остварените консултации сакам да ве известам дека мандат за состав на нова влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе ме извести или докаже дека обезбедила мнозинство во собранието“, потенцираше претседателот Иванов.
Иванов го заврши пресот за новинарите без да им дозволи да му постават прашање.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




