Иванов: Никој нема право да преговара за платформа на туѓа држава
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 16:43
Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов во обраќање до нацијата денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев го запознал со ставовите кои ги имаат правите експерти.
Вели дека мнозинство е постигнато, но според правни експерти важни се и роковите да се испочитува член 90 од Уставот, а почитувањето е неопходно за власта да биде легална и легитимна.
Со Заев разговарал како да се надмине овој проблем.
Вели дека ако не се испочитува овој член, може доделувањето на мандатот да биде оспорено.
Иванов смета дека со платформата на Албанците, Македонија е уценета и е заложник на платформа од туѓа држава.
„Наместо да ја отфрлат, некои почнаа веднаш со неа да лицитираат. За иднината на државата не може да се преговара. Прифаќањето на туѓа платформа е казниво. Од меѓународната заедница очекуваме јавно да ја осуди“ – вели Иванов.
Тој вели дека досега немало осуда за оваа платформа, иако со други држави тоа е случај и меѓународниот фактор реагира.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




