ИВАНОВ СЕ ЈАВИ: Пречките за доделување на мандатот уште не се отстранети
Објавено во: Македонија 13 Март, 2017 13:00
„Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада сè уште не се отстранети“.
Ова е ставот од кабинетот на шефот на државата, по прозивките од СДСМ Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев.
Претседателот Иванов не го предомислуваат ниту ЕУ, САД, а ниту пак експертите.
Иванов останува да го дели истиот став како и партијата од која доаѓа ВМРО ДПМНЕ.
Во последното обраќање пред јавноста, првиот човек на нацијата рече дека со платформата на албанскиот блок се загрозува сувереноста и независноста на државата
„Со оваа платформа, Република Македонија е уценета, а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени“, рече Иванов.
Тој дури испраќаше и писмо со молба за поддршка и осуда за платформата до членките на ЕС, до ГС на НАТО и до стратегиските партнери САД и Р.Турција.
„Како претседател на Република Македонија, земја долгогодишен кандидат за членство во Европската Унија и НАТО, очекувам да се ангажирате и да ни помогнете бидејќи иднината и перспективата на моите сограѓани се пред мошне сериозен предизвик“, пишуваше во писмото на Иванов.
Сепак, на ова писмо до шефот на државата беше пратена децидна порака и повторен став, да го додели мандатот на Заев кој што веќе има обезбедно парламентарно мнозинство.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




