Добивај вести на Viber
Македонската економија нуди одлични можности за инвестирање и бизнис и целосно е отворена кон Кина и кон целиот свет. Ова претседателот Ѓорге Иванов го порача во Кина, на Форумот за меѓународна соработка во западниот дел на државата - Ченгду, во провинцијата Сичуан.
Според македонскиот претседател, Кина е еден од најблиски партнери на Македонија, но и една од дваесетте со кои Македонија има најголема трговска размена.
Претходно Иванов во пекинг се сретна со претседателот Си Џинпинг. На средбата било истакнато дека двете држави ќе соработуваат во градежни и инфраструктурни проекти, земјоделството, но и во сектори како образование, култура и кинеската традиционалната медицина.
Исто така двајцата претседатели разговарале за мултилатералната соработка на глобален план, за нашата поддршка на кинеските кандидатури и нивната особено во Организацијата на Обединетите Нации.
Во делот на економската соработка, било истакнато дека се намалува трговскиот дефицит.
Иванов во Ченгду беше дел од свеченото отворање на 14. Меѓународен форум за Западна Кина, насловен како „Форум за меѓународна соработка на Западна Кина", кој го организираат 12 провинции на Западна Кина и 12 министерства на Централната Влад
а. На Форумот учествуваат повеќе странски државни претставници, меѓу и петмина шефови на држави.