ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ - за дивидендата, еве какви податоци треба да достават оние што тоа досега не го сториле
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2024 12:53
Важна вест стигна за сите акционери на македонската најголема градежна компанија „Гранит“.
Имено, компанијата планира да стартува со исплата на дивиденда, а за таа цел е потребно акционерите навреме да ги достават потребните податоци.
„Ги известуваме
акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за исплата на дивидендата за 2023 година, потребно е да достават податоци од трансакциска
сметка и лична карта со потпишана изјава. Акционерите
кои добиле дивиденда за претходните
години, доколку податоците им се важечки, нема потреба истите повторно да ги доставуваат“, се вели во компаниската објава на Берзата.
Инаку, неодамна оваа наша најголема градежна компанија декларираше дека на сите свои акционери, но и на потенцијалните инвеститори во таа реномирана акција, од годинава па до 2028 година просечно годишно ќе дели просечно по 2,1 милиони евра бруто дивиденда, односно дека во период од пет години, почнувајќи со годинава, планира да исплати вкупна дивиденда вредна 10,45 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




