15 Декември, 2025
0.1256

ДЗР во неверување,од концесија на рудници државата за четири години наплатила само 45 милиони евра

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2024 12:27

Добивај вести на Viber

Од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, државата во периодот од 2018 до 2022 наплатила само 45 милиони евра. Иако компании прават огромни профити од експлоатација на квалитетен мермер во Македонија, од тоа се наплатени само 1,7 милиони евра за отстапување на националниот ресурс во период од овие четири години. Дека добивките на концесионерите се огромни, забележа и „Фактор“ во својата анализа.

„За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 - 2022 година, наплатени се вкупно 2.781.024 илјади денари (околу 45 милиони евра ) концесиски надоместоци од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра ) надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони) евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади денари по основ на камата по двата основи. Со извршената ревизија и обезбедените докази стекнавме разумно уверување дека мерките и активностите кои се преземаат од страна на надлежните институции не обезбедуваат целосна подготвеност и сигурност за остварување на оптимална искористеност на минералните суровини, сеопфатна и навремена наплата на концесиските надоместоци и ефикасен систем на надзор над реализацијата на склучените договори“, констатира Државниот завод за ревизија 

Според ДЗР, висината на надоместоците за користење на простор кои се определени во државата е многу мала, а исто така и наплатата на надоместоците за експлоатирани количини е многу ниска во однос на реалните пазарни цени кои потоа ги наметнуваат концесионерите и од кои добиваат огромни добивки.

„Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на најквалитетниот мермер во износ од 103.248 илјади денари или 1,7 милиони евра за период од 2018 - 2022 година претставуваат 1 отсто од остварените приходи од продажба на концесионерот“, заклучува ревизорот.

Во овој четиригодишен период дури 19 милиони евра од вкупната сума била наплатена со задоцнување во однос на законски утврдениот рок.

Според испитувањето што го направил ДЗР, двајца концесионери експлоатирале минерални суровине на 9.989 метри квадратни дива површина која не била регулирана, односно ограничена со договорите.

Можеби ќе ве интересира

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета