Ивановска: Се гледаме на протест, убиецот на Росица и нејзиниот татко се неодговорноста и корупцијата
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2025 13:21
Кандидатката за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска повика на протест во 17.30 часот пред МВР, а по двојното убиство во Велес.
„Убиецот на Росица и нејзиниот татко има име и презиме и се вика неодговорност и корупција. Доколку истрагата се води професионално, би требало да покаже кој од овие фактори преовладал, или пак двата фактори придонеле“, рече Ивановска.
Вели дека мора да постои вистинска политичка и граѓанска волја за спротивставување.
„За жал, досегашната пракса на нефункционирање остава голем простор за недоверба. Корупцијата во Македонија е присутна во сите пори. Заднинските политички мрежи ја хранат и ја прават посилна секој ден. Ако сакаме промена, мора да постои вистинска не само политичка, туку и граѓанска волја за да се спротивставиме. Досега напредокот е минимален, а времето ни бега. Од МВР очекуваме да и кажат на јавноста каде затаи системот во случајот на Росица. Секоја погрешна одлука, секоја погрешна постапка има име и презиме. Затоа се гледаме денес на протест во 17:30 пред МВР“, вели Ивановска.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




