Ивановски бара намалување на надоместот за дигитализација на телевизиите
Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2013 15:02
За 36 проценти да се намали годишниот надомест за дигитализација на телевизиите од страна на операторот ONE , денеска побара министерот за информатичко општество Иво Ивановски.
Според Ивановски, годишната претплата на националните телевизии со намалување од 36 отсто би изнесувало 100 илјади наместо 150 илјади, а за регионалните телевизии 13.056, наместо над 20 илјади евра.
На првиот допис со барање за намалување на цената испратен пред една недела, ONE, според Ивановски, се согласил на намалување за 10 отсто.
„Ние со тоа не сме задоволни и денеска предлагаме и порачуваме до ONE операторот да ја разгледаат можноста и да ги намалат цените со следниве параметри: за националните телевизии 100 илјади евра годишен надомест што значи попуст од 36 проценти, а за регионалните телевизии тоа да изнесува 13.056 евра годишен надомест. Тоа се исто така 36 проценти намалување“, изјави министерот Ивановски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





