21 Декември, 2024
0.0301

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2024

Добивај вести на Viber


Во пресрет на овогодишнениот The Economist MeetUp – Светот во 2005 и учеството на Бучим ДООЕЛ на оваа важна конференција за деловниот свет , разговараме со Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол, кој ни открива како овие рудници го обликуваат рударскиот сектор во Македонија. Со долгогодишно искуство и посветеност на одржливоста и иновациите, компанијата е движечка сила во економскиот развој на регионот. Разговараме за предизвиците и достигнувањата во 2024 година, клучните проекти и иницијативи, како и визијата за иднината на рударството во Македонија. Карапетров го споделува проектите што го обликуваат идниот правец на компанијата и ги открива  плановите за одржливо рударство кое ќе одговори на глобалните стандарди и очекувања.

Како би ја опишале 2024 година во контекст на постигнувањата и предизвиците со кои се соочивте како компанија?


Карапетров: 2024 година беше период на значајни промени и развој за рудникот Бучим. Успеавме да ја одржиме стабилноста на производствените процеси, при што особено внимание посветивме на одржливоста и усогласувањето со најновите меѓународни стандарди. Иако се соочивме со предизвици, како што се волатилноста на цените на металите на светските берзи, зголемените оперативни трошоци и потребата за замена на застарената опрема и традиционалните начини на работење, нашата стратегија за оптимизација на процесите и одржливо управување со ресурсите ни овозможи не само да го зачуваме позитивниот економски ефект, туку и да започнеме иницијативи за модернизација на технологијата и процесите. Оваа година беше значаен чекор кон усогласување со глобалните трендови и поставување на стабилни темели за идниот развој на компанијата.

Кој проект или иницијатива би ја истакнале како најзначајна за 2024 година и какво е нејзиното значење за идниот развој на компанијата?

Карапетров: 2024 година ја одбележаа неколку значајни проекти кои се клучни за идниот развој на рудникот Бучим . Еден од клучните проекти е дефинирање и отпочнување на проектните работи за изградба на новата производствена единица за преработка на руда – флотацијата. Оваа капитална инвестиција, вредна над 10 милиони евра, е значаен чекор кон модернизација на нашите производствени процеси. Новата флотациска фабрика, која користи најсовремени технологии, ќе ни овозможи оптимизирано искористување на рудата и усогласување со највисоките стандарди за одржлив развој. Очекуваме изградбата и отпочнување со пробната работана фабриката во текот на следната година, што ќе биде клучен момент за идниот раст на компанијата.

Во 2024 година отпочнато е со раскривка на ново рудно тело во рудникот Бучим – Северо-Исток, кое се планира да се заврши во 2025 година и ќе придонесе за обновување на рударските работи за експлоатација на минерални суровини во Бучим, кои беа запрени во 2021 година.

Исто така, како многу важен проект  треба да се потенцира  отпочнување на геолошките истражување на нови рудни резерви во самиот рудник Бучим.  Доколку  се потврдат истражувањата, тоа би можело да го зголеми животниот век на рудникот Бучим.

Паралелено работиме и на  реализација на неколку  проекти кои се насочени кон подобрување на животната средина и унапредување на производствените процеси. Овие иницијативи вклучуваат контрола и намалување на прашината, оптимизација на управувањето со хидројаловиштето преку изградба на ефикасни пулповоди за транспорт на флотациската јаловина, како и набавка на софистицирана филтер-преса за подобрување на квалитетот на конечниот производ – бакарниот концентрат. Ваквите решенија ја намалуваат еколошката трага на компанијата и овозможуваат повисоко ниво на ефикасност и усогласеност со ЕСГпринципите (еколошко, општествено и корпоративно управување).

Овие проекти не само што ја истакнуваат нашата заложба за иновации и одржливи практики, туку ја потврдуваат нашата стратегиска визија – да го трансформираме Бучим во пример за современо, одговорно рударство, способно да одговори на глобалните стандарди и предизвиците на иднината.

Кои трендови и предизвици сметате дека ќе имаат најголемо влијание врз рударската индустрија во 2025 година?


Карапетров: 2025 година ќе биде годинанатрансформација на рударската индустрија, со доминантни трендови насочени кон технолошки иновации и засилена еколошка одговорност. Современиот рударски сектор се наоѓа пред значајни предизвици кои бараат суштински промени и интеграција на иновативни пристапи.  Ова подразбира примена на најсовремени практики кои се фокусираат на максимално искористување на корисните компоненти од рудата, безбедно одлагање и управување со отпадот од преработката на руда, како и унапредена еколошка одржливост. Дополнително, одговорното управување со исцрпените копови преку комплетна рекултивација станува основен принцип на индустријата.

Очекуваме значителен напредок во примената на дигитални технологии за оптимизација на производствените процеси и нивно управување, како и зголемена интеграција на обновливи извори на енергија, што ќе игра клучна улога во намалувањето на јаглеродниот отпечаток. Компаниите ќе мораат да ги спроведат ЕСГ стандардите за одржливо инвестирање,  што преставува императив на модерното рударство во светски рамки.  За Бучим и Боров Дол, усогласувањето со овие стандарди, кои ги опфаќаат одговорното еколошко, општествено и корпоративно управување, не е само обврска, туку и стратешка можност за современ развој и напредок.

Од друга страна, индустријата ќе се соочи со сериозни предизвици, вклучувајќи геополитичка нестабилност во светот, особено во Европа, што ќе доведе до флуктуации на светските пазари на метали, како и зголемени барања за усогласување со построги еколошки и регулаторни стандарди. Овие предизвици ќе наложат значителни инвестиции во истражување, напредни технологии и постојан развој на човечкиот капитал. Нашиот пристап останува проактивен, со цел не само да ги надминеме овие предизвици, туку и да создаваме вредности кои ќе ги задоволат потребите на сегашните генерации, обезбедувајќи одржливо и одговорно искористување на природните ресурси, притоа зачувувајќи ги можностите и потенцијалите за идните генерации.

Кои се клучните стратешки приоритети на Бучим и Боров Дол за 2025 година?


Карапетров: Во 2025 година, нашата стратешка визија ќе биде насочена кон суштинскипромени и модернизација. Примената на најдобрите достапни техники и практики ќе ни овозможи да ги унапредиме производствените процеси, да го намалиме еколошката отпечаток и да ги усогласиме сите аспекти на нашето работење со највисоките меѓународни стандарди за одржливост.

Главниот фокус ќе биде изградбата и отпочнување на работата на новата фабрика за преработка на руда, што ќе овозможи зголемена ефикасност во производството, автоматизација на процесите и усогласување со највисоките индустриски стандарди. Паралелно, значителни средства ќе бидат инвестирани водеталните геолошките истражување во Бучим и Боров дол за откривање на нови рудни резерви во склоп на концесиите. Дополнително ќе бидат направени инвестиции во замена на опремата на Бучим со нова, технолошки усовршена опрема. Во делот на управување со производните процеси, се планира отпочнување на работа на центарот за следење на производствените процеси, каде што од една точка ќе може да се следи и да се реагира во секоја од фазите на производство.

Свесни за клучната улога на човечкиот капитал, ќе продолжиме со организирање на обуки, стипендии и програми за зголемување на квалификациите на нашите вработени, со што ќе ја зајакнеме конкурентноста и иновативниот капацитет на компанијата. Покрај тоа, остануваме посветени на поддршката на локалната заедница преку спроведување на инфраструктурни и образовни иницијативи кои долгорочно ќе придонесат за општествено-економскиот напредок на регионот.

Особен акцент ќе биде ставен на развој на студија за одлагање и управување  со отпадот од преработката на руда која се планира да се изработи во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ и реномирани меѓународни партнери. Со овој проект ќе се овозможи продолжување на животот на работата на флотациската фабрика во Бучим, а воедно ќе придонесе кон намалување на влијанието врз животната средина  средина кое се поврзува со хидројаловиштата. Проектот претставува иновативен и одржлив пристап кој ги заменува застарените методи за одлагање на флотациска јаловина со напредни, еколошки прифатливи решенија.

Со јасно дефинирана визија за иднината, нашата цел е да ги поставиме Бучим и Боров Дол како пример за современо и одговорно рударство, кое ги надминува традиционалните пристапи и поставува нови стандарди во индустријата. Преку примена на иновации и одговорно управување со ресурсите, веруваме дека можеме да го трансформираме рударскиот сектор во еден одржлив и прогресивен модел кој одговара на предизвиците на модерното време.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје