24 Ноември, 2024
0.0276

Иво Крстевски „Пилот Травел“: Во Грција може да биде само поевтино за летување

Објавено во: Економија 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Иво Крстевски сопственикот на „Пилот Травел“ и еден од најпознатите менаџери во склучувањето на аранжани со хотелите во Грција вели дека цените во популарните туристички центри за летување кај јужниот сосед може само да бидат поевтини во однос на ланската година, судејќи според актуелната ситуација што ја диктира епидемијата.

- Кога има откажувања на резервациите, тогаш се намалуваат и цените. Тоа е правило во туризмот. Според тоа, цените може да бидат само пониски, а не повисоки. Аранжамните со грчките хотели за летото 2020 се склучуваат во септември и октомври 2019, а во меѓувреме ситуацијата се уште не е јасна кога ќе има отворање на границите и какви ќе бидат мерките откако истите ќе се отворат. Моите информации се дека тоа ќе биде некаде околу 1 јули, а до тогаш цените ќе може само да паѓаат, вели Крстевски.

Во моментов понудата е скромна, а според Крстевски најголеми проблеми ќе имаат големите хотели, затоа што е неизвесно дали националните и интернационалните ограничувања ќе им дозволат на Русите, Германците и Британците да ги наполнат.

- Многу зависи и од тоа што ќе одлучи грчката влада, затоа што во овие објекти се собираат голем број на луѓе и имаат ресторани. Тука се и личните причини и чувството на страв и несигурност кај туристот. Трендот е надолен и цените може само да паѓаат. Според тоа очекувам и туристичките агенции, кои живеат од аранжмани и продажба на авио-билети, да ги намалат цените. Оваа година нема да биде таква во која ќе се гледа да се направи профит, туку да се преживее и да се спаси сезоната. Затоа не очекувам да се калкулира со профитните маржи, смета првиот човек на „Пилот Травел“.

Туристичкиот сектор во Македонија иако е најпогоден генерално успева да ги задржи своите вработени, но Крстевски вели дека мерките за субвенционирање од државата изгледаат конфузно за работодавачите.

- Туристичките оператори обично во земјата имаат од 10 до 15 вработени. Тоа се фирми кои јас ги викам семејства затоа што се доволно мали така што сопствениците се секојдневно и со години заедно со вработените. Во лоши времиња тие делат заедно и затоа нема да има голем број на отпуштања. Што се однесува до мерките, можам да кажам дека „Пилот Травел“ ја користи таа за ослободување од даночните аконтации во период од три месеци, но морам да кажам дека другите мерки се преклопуваат, не се јасни и тешко е да се снајдеш преку која од нив би добил субвенции, појаснува Крстевски.

Смета дека нема од туристите да се бара корона-тестирање за влез во Грција, како што има некои медиумски најави и предлози. 

- Ќе има мерки на дистанцирање, односно ќе се работи со проретчени капацитети, за што туристите ќе треба да ги следат тамошните прописи. Исто така, треба да се види и што ќе превземе македонската влада, односно какви ќе бидат нашите мерки за нашите туристи кога ќе се враќаат од странските летувалишта. Сега знаеме дека подлежат на 14-дневен карантин кога ќе се вратат, но може и тогаш да има мерки на претпазливост, тврди менаџерот.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“