05 Декември, 2025
0.0299

Ин мемориам: Иво Лауренчиќ, Легенда на македонскиот и регионалниот маркетинг

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2013 17:21

Добивај вести на Viber

Чудесниот сон на едно прекрасно патување наречено живот, исполнето со многу уникатни и трајни дела. Човекот кој се плашеше од просечност, а создаваше секогаш уникатност и неповторливост. Создавачот на брендови исполнети со приказна и трајни вредности. Човекот кој самиот беше неповторлив бренд со трајна вредност. Иво Лауренчиќ – човекот за кој немаше невозможни проекти, а неговото визионерство, креативност и професионализам  доби повеќе од 50 домашни и меѓународни награди и признанија. Во текот на својата богата кариера создаде над 300 комуникациски проекти и над 400 видео форми во филмската и креативната индустрија. Повеќето негови дела добија антологиски карактер и денес се урнек за врвни достигнувања. Луѓето со кои работеше за него велат дека е бескомпромисен перфекционист, но и одличен и искрен пријател кој знае да ги цени и почитува луѓето. Велеше за да се биде успешен во оваа професија мора да го негуваш детето во себе и да не дозволиш еден дел од твојата душа да порасне. Тоа дава елан енергија и храброст... Млад во духот… до самиот крај. Сплиќанец случајно роден во Шибеник, живее во Белград, а работен век го помина во Белград, Загреб и Скопје. Како син на познатиот актер Јозо Лауренчиќ, своето детство и младост заедно со својата фамилија го поминува во Белград, каде што неговиот  татко  работи како професор во Академијата за глума во Белград и актер во Jугословенското народно позориште.  Иво своето детство го поминува на театарските штици и филмските снимања со татко му кои оставаат длабок печат на целиот негов понатамошен живот. И навистина, животот на Иво Лауренчиќ и откако многу рано го загуби својот татко, продолжува како театарска приказна. Завршува Филмска академија во Белград, работи во фото лабораторијата на Тито, ја продолжува својата кариера во тимот кој работи на филмовите „Огледалото на граѓанинот Покорни“ и на „Сервисна станица“, реализирајќи неколку значајни телевизиски проекти. По само четири години работа во Радио Телевизија Белград, многу млад е назначен е за директор на Втората програма. Правичен и секогаш коректен со луѓето со кои работи, незадоволен е од принципот на работа во кој сите се платени исто независно од вложениот труд.  Во тогашниот комунистички систем, самостојно креира систем на наградување според тоа кој колку работи, Природно за тоа време, Работничкиот совет носи одлука за негова смена. Ваквиот пристап кон луѓето и кон соработниците во текот на неговата професионална кариера, секогаш остана ист. Професионалниот труд вреди и треба да се награди, често повторуваше. По неговата смена од местото директор на Втората програма на РТВ Белград, Лауренчиќ ја продолжува својата кариера како слободен филмски уметник, снимајќи документарци и работејќи како помошник - режисер, меѓу другото, на проектите „Венецот на Петрија“, „Мајстори, мајстори“, „Сивиот дом“, „Грлом у Јагоде“... заедно со тогашната плејада на филмски работници. Серијата документарци за јадранските острови „Илјада камени бродови“ кои и денес имаат култен документаристички статус, може со право да се нарече негово антологиско дело. Велеше „Мојата идеја е секој остров да има своја приказна, раскажана низ животот на обичниот човек“.  Серијалот тогаш го купија речиси 150 телевизии во светот. Карактеристично во неговиот израз, беше естетиката на деталите и нивна визуелизација. Овој правец остана запишан во учебниците по режија. Со негов потпис беше и видео изразот за последната песна на Евровизија во поранешна Југославија, која во 1990 се одржа во Загреб. Зад тогаш популарната Тајчи и целата еуфорија што се случуваше околу евровизиското шоу стоеше и  Иво Лауренчиќ. Додека работи на сите овие проекти го усовршува својот сенс за маркетинг - како комерцијалниот, така и политичкиот. Во Македонија доаѓа сосема случајно пред 20 години на покана на тогашниот директор на Пивара Скопје Г-динот Светозар Јаневски, во периодот кога Пивара Скопје станува дел од глобалните Хајнекен и Кока Кола. Под слоганот „Боите на мојата земја“ и „Скопско и се е можно“, Скопско стана бренд и македонска гордост. Паралелно со развојот на Скопско, Лауренчиќ ја развива маркетинг агенцијата „Идеа плус“, по урнекот на „Идеа плус“ од Белград која веќе успешно работеше во Србија.  Набрзо Агенција “Идеа Плус“ Скопје стана школа за маркетинг во Македонија, факт на кој Иво Лауренчиќ беше особено горд, бидејќи сакаше да ги поттикнува младите на креативност, знаење и самодоверба. Ја сакаше Македонија и нејзната душа, така и го создаде еден од првите филмови по нејзиното осамостојување „Ден во Македонија“. Не глумеше  дека не знае да зборува македонски но го осмсли и реализираше серијалот од  1060 емисии „Говорете Македонски“ за Македонската државна телевизија.  Беше и креатор и реализатор на кампањата за промоција и зачувување на македонското кирилично писмо „Додека пишувам на кирилица постоја“. Токму оваа кампања доби прва награда на фестивалот ФЕСТО во Хрватска. Сакајќи да ги поттикне и другите уметници и креативци да создаваат свои сопствени дела ја режираше култната театарска претстава „Кутрите мали хрчки“, како и серијата „Од денес за утре“ која се емитуваше во Македонија во 16 епизоди. Едноставно, секогаш размилсуваше за нешто ново и поинакво. Развојот на политичкиот плурализам во регионот е нераскинлив дел од активностите на Лауренчиќ. Првите професионални политички кампањи изработени во Македонија беа со потписот на Иво Лауренчиќ.  И не само во Македонија туку и во Црна Гора, Србија, Хрватска, Република Српска... Искуствата од политичкиот маркетинг, заедно со неговиот тим на соработници, го преточи во книгата  „Потрага по глас“, превдена на српски и македонски јазик, со каталогизација во библиотеката во Вашинтон. Неговата посветеност и ентузијазам во тоа што го работеше беа интензивни во текот на целата негова професионална кариера, со истата енргија и жар, како и на почетокот. Добитник е на две награди за Животно дело, една во Србија во 2004 година од „Здружението на економските пропагандисти“ основано во 1960 година, и една во Македонија во 2011 та  на манифестацијата „Златна Буба мара на популарноста“ Неговите дела несомнено ќе останат инспирација за многу генерации, а тие што го познаваа и што имаа чест да работат со него ќе раскажуваат за неговата неисцрпна енергија, ентузијазам и посветеност. Човекот што се плашеше од просечност, никогаш и во ништо не беше просечен. Веруваше во луѓето и секогаш велеше дека мора да им се прости на сите и да се продолжи. Секогаш сакаше да ја види само добрата страна на секој човек, а за него секој човек беше добар. Иво Лауренчиќ е поим за шармер и светски човек. Го живееше својот живот со огромна брзина, живеејќи го својот сон... Комеморативната седница ќе се одржи во среда на 15.05.2013 во 11.00 часот во Едукативниот центар М6 во Скопје. Погребот ќе биде извршен на градските гробишта Бутел, истиот ден во 13.00 часот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј