Ивона Талеска бара ЕУ и Хан да го дисциплинираат СЈО, Пировска и „исконтрира“!
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
„Европската унија да повнимава на Специјаното јавно обвинителство, кое што работи по политичка агенда на СДСМ и Зоран Заев, откако тој јавно ја објави неговата листа непријатели, по која СЈО почна да ги води хајките против една политичка опција и против медиуми кои не се под контрола на опозицијата“.
Ова на утринската средба на еврокомесарот Хан со граѓански претставници го побарала Ивона Талеска во име на МАН, барајќи од комесарот да го дисциплинира СЈО.
На овој став на Талеска реагирала Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Таа своето спротивставување го образложува вака:
„Личноста не е кредибилна да зборува за СЈО и професионалноста на Катица Јанева затоа што и таа (алудирајќи на Ивона Талеска) е дел од разговорите кои беа објавени од опозицијата, во кои е индикативен делот во однос на изборите, што се надевам еден ден дека ќе биде дел од постапките што ќе ги води СЈО“, потенцирала Уранија.
Претставници на граѓанскиот сектор остварија средба со комесарот за проширување кој упати порака дека Веродостојни избори се прв чекор.
Хан денеска е на средби и со тимот на СЈО и со партиските лидери.