25 Декември, 2024
0.0294

ИВЗ со појаснување за средбата со Стојанче Ангелов: Не го осудуваме скандирањето „УЧК“

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Исламската верска заедница излезе со реакција по средбата со Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, со појаснување дека тие не го осудуваат скандирањето „УЧК“ на протестите за случајот „Монструм“ минатата недела во центарот на Скопје.

Ангелов на негово претходно барање заедно со заменик директорот Екрем Зендели беа во посета на седиштето на Ријасетот каде што бепе остварена работна средба со претседателот на Исламската Верска Заедница, Шаќир Фетаи.

„Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ“, се вели во реакцијата на ИВЗ“, се вели во соопштението на ИВЗ.

Од таму велат дека на средбата се разговарало за состојбата на кризата прогласена од државните институции како резултат на справување со глобалната пандемија на ковид-19, како и за меѓуинституционалната соработка во итни ситуации како што се земјотреси, поплави, пожари.

„Во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, како што е македонското, толеранцијата, соработката и меѓусебното почитување е основа врз која мора да се гради заедничката демократска држава на законот и редот, правата и слободите на секој граѓанин мора да бидат загарантирани, без оглед на националноста или верската припадност.

Судските процеси поставени на етничка или верска основа не смеат да ги уништуваат судбините на невините индивидуи и на демократското општество како целина. Правото на протест и изразување на слободна мисла се демократски вредности и непобитен дел од основните права на човекот, општеството и индивидуата. Затоа, треба да се осуди секоја тенденција овие права да се ограничат или злоупотребат за тесни приватни интереси и провокации“, се вели меѓудругото.


Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ТОЈ ДЕЛ: Извлечени се седумте лица кои беа заглавени во Лазарополе

УШТЕ ЕДНА ЗЛОУПОТРЕБА: Битолчанка со туѓи лични податоци подигнала брз кредит

УШТЕ ЕДНА ЗЛОУПОТРЕБА: Битолчанка со туѓи лични податоци подигнала брз кредит

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Тошковски: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОТВАРА СКИ ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“: Јанчев со покана до сите љубители на скиањето

ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОТВАРА СКИ ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“: Јанчев со покана до сите љубители на скиањето

ВО ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО НЕМА НИТУ ЕДЕН ЗБОР ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Годишно обраќање на Силјановска - Давкова

ВО ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО НЕМА НИТУ ЕДЕН ЗБОР ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Годишно обраќање на Силјановска - Давкова

Полицајци од Гази Баба и Арачиново си делеле бесправно бонус плати од по 600 евра

Полицајци од Гази Баба и Арачиново си делеле бесправно бонус плати од по 600 евра

АКТИВИРАНА ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ: Фрлиле 45 тони индустриска сол

АКТИВИРАНА ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ: Фрлиле 45 тони индустриска сол

„Ветувањата за ‘горда Македонија’ се нурнаа во неуставниот Закон за двојазичност“: Левица со остри кртики - измените протуркани на несоодветна комисија

„Ветувањата за ‘горда Македонија’ се нурнаа во неуставниот Закон за двојазичност“: Левица со остри кртики - измените протуркани на несоодветна комисија

АВТОБУС СЕ ИЗЛИЗГА ВО СОПИШТЕ: На патот има застој

АВТОБУС СЕ ИЗЛИЗГА ВО СОПИШТЕ: На патот има застој