Избегал од затвор, па ја грабнал девојката со која има дете
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
Б.А.(32) од Струмица избегал од гевгелискиот затвор, по што вчера попладне ја грабнал својата девојка од радовишкото село Ораовица, со која има дете.
Неа пеш ја однел во правец кон Струмица. Н.З. (67) мајка на девојката случајот го пријавила во полициската станица во Радовиш.
Полицијата од Гевгелија веќе има распишано потерница за него, затоа што избегал од КПУ-Затвор Гевгелија.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.