05 Декември, 2025
0.0284

Изберете ја најдобрата статија на Фактор, за влез на Академијата за Менаџери!

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2013 09:16

Добивај вести на Viber

Фактор во соработка со Академија за Менаџери овозможува учество на предавањата на кои ќе се одржат во  Мај во Скопје со прфесори од Шефилд универзитетот. Со учество во натпреварот „Најдобрата статија од Фактор.мк“, Вие почитувани читатели имате можност да учествувате на Предавање: Технолошки и оперативен менаџмент на Академија за Менаџери, која изминативе 6 месеци со своите студиски програми низ кои досега минаа 100 студенти покажа извонредно ниво на квалитет во обуката на кадри од кои ќе произлезе идната бизнис елита во земјата. Предавањата на Академијата за Менаџери, кои се на англиски јазик, се пред се наменети за менаџери од различни компании од јавниот и приватниот сектор и се одржуваат за време на викенди, во Скопје. Академијата располага со висококвалитетен наставен кадар, составен од искусни професори со исклучителна професорска и истражувачка кариера од СИТИ Колеџ, Универзитетот Шефилд, како и други реномирани универзитети од Велика Британија, кои освен теориска подготвеност, поседуваат и огромно практично искуство во својот домен, и претставуваат столб на квалитетните студии. Тоа е и целта на Академијата: да едуцира и доедуцира менаџери, со акцент на практична примена на теоријата која се учи. Освен тоа, на студентите постојано им е достапен комплетен систем на студентски сервиси, како електронска библиотека, достапност до позната стручна литература, како и системи за интерна и веб- базирана комуникација. Фактор, како профилиран портал за бизнис и економија и сега и во иднина преку вакви и слични акции ќе се обидува да ги прошири видиците и да ја зголеми конкурентноста меѓу идните претприемачи, како единствен пат кон поголем личен или компаниски успех. Оттаму произлезе и заедничката акција на Академијата за менаџери и Фактор, која промовира бизнис лидерство, а образованието, се разбира е еден од клучните предуслови за тоа. Известување: Поради објективни причини предавањата на Академијата за Менаџери закажани за средината на Мај се одложуваат за извесно време. Благовремено ќе Ве информираме кога ќе продолжи натпреварот на Фактор за избор на најдобра статија со која може да се обезбеди учество на некоја од овие обуки. Благодариме за разбирањето.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј