Избодени девојка од Кавадарци и момче од Арачиново
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2018 16:17
Прободени се две лица, момче во Арачиново и девојка во Кавадарци во два одделни случаи.
Л.Н.(24) од село Арачиново вчера пријавил дека истиот ден околу 21:30 часот на улица „11″ се сретнал со А.Н., по што започнале расправија.
А.Н. со нож го прободел Л.Н. неколку пати. На оштетениот му е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Околу 20 часот истиот ден во Општа болница Кавадарци е донесена Р.А. (22) од Кавадарци со убодна рана во стомакот, која е нанесена од остар предмет. Поради сериозноста на повредите, Р.А. е препратена во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




