Избори од кои се тресе Европа
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2013 07:46
А Силвио, Силвио си го прави тоа што го знае најдобро, ветува мед и млеко и борба против Германците и ветува дека ќе ги намали даноците а парите кои Монти ги зел на народот ќе ги врати по пошта.
Берлускони засега е втор, додека на првото место е Пјер Луиџи Бершани од Демократкската Партија. Евро лидерите за мир во куќа се надеваат дека Бершани ќе победи и ќе наорави коалиција со Монти.
Тоа е она што го бараат пазарите, а еве ги алтернативите кои ќе придонесат на враќање на паниката на берзите ширум Европа:
- Берлускони победува – Од ова на Меркел ќе и побели косата. Шансите на стариот лисец за победа се некаде 10% , но со Берлускони ништо не се знае. Засега е постојано втор со 3-5% заостанување зад Бершани. Сепак бидете сигурни дека со негова победа ќе гледате многу минуси на индексите на италијанската берза. А веројатно и Европа нема да остане имуна
- Бепе Грило – првин да ви кажеме дека ова не е мејнстрим политичар. Всушност тој е нешто како трет пат. Човеков е блогер, шоумен, колумнист и комичар. Партијата прв пат ќе ја тестира на овие избори бидејќи му е нова. Сепак очекувањата за Бепе Грило се дека ќе освои феноменални 20% проценти од гласовите. Се над тоа може да предизвика нервоза на север, бидејќи никој не знае како тој ќе се однесува кога ќе дојде на власт
- Катастрофа на Монти – Сите знаат дека Монти не може да победи. Меѓутоа сите се надеваат дека Монти ќе биде тасот кој ќе одлучи кој ќе победи. Како што напишавме сите се надеваат дека ќе формира коалиција со Бершани. Но внимавајте..доколку освои под 8% ќе биде незгодно.
Значи елементи за криза може да бидат следниве резултати
1.Берлускони победува
2.Бепе Грило освојува над 25% од гласовите
3. Марио Монти оди под 8%
Епа, броењето може да почне !
Редакција Фактор
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




