ИЗБОРИ СЕ БЛИЖАТ: ВМРО-ДПМНЕ почнува со трибини, партиски настани и собири
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
Изборите на 11 Декември стануваат се поизвесни а владеачката партија од викендов стартува со партиските собири и трибини.
Од партијата на екс премиерот Никола Груевски велат дека овој викенд ќе биде викенд на отчетност и реални проекти и дела.
Министерот за здравство Никола Тодоров најавувајќи ги активностите на неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ во следните денови истакна дека додека нивните противници се занимаваат „со смислување на начини како да одбегнат избори или како да продолжат со деструкцијата и да ја продлабочат кризата, тие дискутираат за реалните проблеми на луѓето, на граѓанинот, што е како што самиот кажа и нивна обврска како политичари и се фокусираат на секојдневието на граѓаните, а не на маглата од негативизам која ја креира опозицијата.